Стромболикјо
Стромболикјо (италијански: Strombolicchio) — мал остров од вулканско потекло.[1] Се наоѓа североисточно од островот Стромболи на Липарски Острови во Италија.
Стромболикјо | |
---|---|
Остров | |
Стромболикјо со неговиот светилник | |
Држава | Предлошка:Знамиња |
Провинција | Месина |
Комуна | Липари |
Население | |
• Вкупно | 0 |
Геологија
уредиСтромоболикјо е остаток од првичниот вулкан од кој бил изграден островот Стромболи. Пред приближно 200.000 години, ерупциите на ова место престанале. Оттогаш поместена е вулканската активност за околу 2 км на југозапад. Стромболикјо е единствениот остаток над морското ниво, инаку има подморска платформа што се протега помеѓу неа и главниот остров.
Флора и фауна
уредиСтромболикјо е домаќин на некои многу ретки видови на флора и фауна и е прогласен за природен резерват, со сериозни ограничувања на пристапот. Bassia saxicola е загрозен вид цвет кој е во опасност од истребување. Тој е присутен во само стотици примероци на островот Капри. Podarcis raffonei, тоа е редок гуштер кој е класифициран како критичен со ризик од истребување, се наоѓа на само три други локации, од кои сите се на Липарските Острови.
Светилник
уредиДо светилникот Стромоболчио, кој се наоѓа на врвот, може да се стигне по бетонски скали од над 200 скалила.
Наводи
уреди- ↑ Luciano Canepari. „Strombolicchio“. DiPI Online (италијански). Посетено на 17 January 2020.
- Guest, John (2003). Volcanoes of Southern Italy. Geological Society. ISBN 1-86239-138-6.
„Стромболикјо“ на Ризницата ? |