Стојан Ристов Суклоски (1920 во Белчишта, Охридско — Белчишта на 7 септември 1943) македонски партизан, учесник во НОБ.

Животопис

уреди

Стојан Ристов Суклоски е роден во охридското село Белчишта во 1920 година. Бил по занимање земјоделец, како приврзаник на движењето во НОБ се приклучил во 1941 година на теренот на Дебарца. Со формирањето на првата партизанска ќелија во с. Белчишта во февруари 1942 година станува дел од КПЈ. Во Мај 1943 година станува дел од кичевско-мавровскиот партизански одред. На 7 септември дошло до ненадеен напад на италијанските сили во селото Белчишта, при што во обид да го обезбеди повлекувањето на првиот македонски баталјон Мирче Ацев, тој загинал.[1]

Наводи

уреди
  1. . Охрид и охридско во борбата против фашизмот, ЗБОРНИК на паднатите борци во народно-ослободителната борба и револуција и жртвите на фашистичкиот терор во Охрид и охридско 1941-1945 година. Охрид. 1976. Отсутно или празно |title= (help)CS1-одржување: друго (link)