Стокатници во Аеродром
Оваа статија или поднаслов содржи информации кои се однесуваат на очекувани или планирани настани. Содржи информации од шпекулативна природа, чија содржина може да значително да се измени како што ќе наближува моментот на случување на настанот. |
Според деталниот урбанистички план предвидено е да се градат три висококатници во општината Аеродром, кои не смеат да бидат пониски од 33 ката. Дозволената височина, според планот, е до 500 метри, односно 126 ката. Треба да бидат обезбедени 3.167 паркинг-места за идните станари на облакодерите.
Трите висококатници ќе ги гради „Турк мак“, фирмата претставник за Македонија на турскиот холдинг „Џевахир“ од Истанбул.
На јавно наддавање одржано на 14 мај 2010 г., во Министерството за транспорт и врски, „Турк мак“ за парцелата на која ќе се градат висококатниците, понудил цена од 4.700 денари за m². Тоа било единствена понудена цена, иако на лицитацијата имало уште еден учесник кој не лицитирал ниту еднаш. Почетната цена била 4.600 денари за m², при што е постигната вкупна цена од 1,6 милиони евра.[1]
Парцелата на која ќе се градат висококатниците е со површина од 21.150 m² и со површина на градење од 14.873 m². Се наоѓа на слободниот просторот покрај булевар Србија, пред бензинската пумпа „Макоил“ во насока на касарната „Гоце Делчев“. Изведувачот е должен во рок од девет месеци од потпишувањето на договорот да го прибави одобрението за градба, а во рок од шест години да ги изгради висококатниците.[2]
Турската компанија „Џевахир“ е втора компанија во Истанбул позната по изградба на згради. Во Истанбул има изградено трговски центар, неколку хотели со пет ѕвезди, како и неколку фабрики, а свои градби има и во Либан и во Саудиска Арабија.
Наводи
уреди- ↑ Дневник Архивирано на 23 ноември 2021 г., Турци ќе ги градат стокатниците во Аеродром, пребарано на 15 мај 2010г.
- ↑ Утрински весник, Турци ќе го градат скопскиот Менхетен во Аеродром, пребарано на 15 мај 2010г.