Стефан Дечански

(Пренасочено од Стефан Урош III)

Стефан Урош III, познат како Стефан Дечански (ок. 1285 – 11 ноември 1331) — српски крал, син на Стефан Урош II Милутин.

Стефан Дечански
Фреска на кралот Стефан Дечански со манастирот Високи Дечани
Крал на Србија
На престол1322–1331
Крунисување6 јануари 1322
ПретходникСтефан Константин
НаследникСтефан Душан
Роден(а)пред 1282
Починал(а)11 ноември 1331(1331-11-11) (возр. 46)
Звечан
Почивалиште
ДецаСтефан Урош IV Душан
Симеон Урош
ДинастијаНемањиќ
ТаткоСтефан Урош II Милутин
МајкаЕлена
Вероисповедправославие
ПотписCoins

Младост

уреди

За време на неговата младост, неговиот татко бил приморан да го испрати како заложник на татарскиот кан Ногај, кај кого останал до 1299. Од 1309 година станал управник на Зета. Во 1314 година, учествувал во неуспешната побуна на аристократијата од Зета против Милутин. Стефан Дечански бил заробен, делумно ослепен и изгонет во Цариград, каде што останал под заштита на Андроник II. Пред смртта, Милутин дозволил Стефан Дечански да се врати во Србија.

Владеење

уреди
 
Манастирот Високи Дечани

Стефан прво се оженил со Теодора, ќерката на бугарскиот цар Смилец. После, нејзината смрт се оженил по вторпат, со Марија Палеологина, ќерката на паниперсевастот Јован Палеолог. За време на граѓанската војна во Византија помеѓу Андроник II и Андроник III, Стефан го поддржал стариот император. Како резултат на тоа, Стефан се нашол во опасна ситуација по поразот на Андроник II во 1328, а особено откако Андроник III формирал сојуз со бугарскиот цар Михаил III Шишман. Сепак, истата година Стефан успеал да ја победи бугарската армија кај Велбужд.

Набрзо потоа, Стефан Дечански бил заробен од неговиот син Стефан Душан и одведен во Звечан, каде наскоро починал.