Звечанска тврдина

Звечанската тврдина е тврдина која се наоѓа во градот Звечан, Косовска Митровица, Косово. Тврдината се наоѓа на височина од околу 800 метри. Била изградена со цел да се заштитат тамошните територии. Оваа тврдина претставува една од најстарите средновековни српски тврдини, но денеска не е познато точно кога била изградена, но според некои проценки се смета дека таа постоела уште од античко време. За првпат се споменува во времето на рашкиот жупан Вукан во 1093 година, кој преку ова место ги напаѓал позициите на Византија која претходно го имала освоено Косово. На оваа тврдина заседавал итн. Кралски суд на династија Неманичи. Тврдината, по Косовската битка во 1389 година, била заземена од страна на турските Османлии, во чие време го загубила своето значење.[1]

Звечанска тврдина
Карта
Општи податоци
ГрадКосовска Митровица
ЗемјаСрбија

Наводи

уреди
  1. Дероко, Александар (1950). Средњевековни градови у Србији, Црној Гори и Македонији. Београд: Просвета.CS1-одржување: ref=harv (link)