Стефан Константинов
Стефан Константинов (роден на 2 јануари 1966 во Софија) е бугарски лекар, политичар и министер за здравство на Бугарија во периодот од 6 октомври 2010 до 15 март 2012.
Стефан Константинов | |
---|---|
Министер за здравство | |
На должноста 6 октомври 2010 – 15 март 2012 | |
Претседател | Бојко Борисов |
Претходник | Ана Марија Борисова |
Наследник | Десислава Атанасова |
Лични податоци | |
Роден(а) | 2 јануари 1966 Софија, Бугарија |
Партија | ГЕРБ |
Во 1989 година завршил на Медицинскиот факултет во Софија, а во 1995 станал акушер-гинеколог. Работел во Тунис. Во периодот од 2005-2008 бил секретар во Бугарскиот лекарски сојуз. Во 2010 станал министер за здравство.