Стефан Букчев
Стефан Букчев (Пателе, Леринско, 12 јуни 1915) — македонски писател.
Стефан Букчев | ||
Роден | 12 јуни 1915 Пателе, Леринско, Грција | |
---|---|---|
Занимање | писател |
Животопис
уредиБукчев е роден е на 12 јуни 1915 година во село Пателе, Леринско, Егејскиот дел на Македонија, Основно образование завршува на грчки јазик во родното место, а потоа и два класа во Суровичево. Никогаш не посетувал училиште на македонски или некој од словенските јазици. Неговото извонредно познавање на македонскиот литературен јазик се должи пред се на неговата огромна љубов кон афирмирањето на македонскиот збор во странство. Член е на друштвото на борците и еден од иницијаторите за формирањето на Македонското литературно друштво „Браќа Миладиновци“ во Торонто.[1]