Стенска тврдина
Стенска тврдина (грчки: Κάστρο Κτένι) — средновековна тврдина чии остатоци се наоѓаат над селото Стени, Кожанско, Егејска Македонија.[1]
Κάστρο Κτένι | |
Место | Стени, Кожанско |
---|---|
Област | Егејска Македонија, Грција |
Координати | 40°10′33″N 21°45′59″E / 40.1759° СГШ; 21.7663° ИГД |
Вид | тврдина |
Историја | |
Раздобје | среден век |
Белешки за наоѓалиштето | |
Состојба | урнатини |
Прогласено за | споменик на културата |
Местоположба
уредиТврдината е сместена на рид западно од селото. Ридот зафаќа површина од 45 ха[1]
Опис
уредиНе е познато кога е изградена тврдината. Наодите укажуваат на постојана населеност на ова место од доцното доцнобронзеното време до скорешни времиња. Пронајдени се бедеми, ѕидови, улици, темели од куќи, цистерни, водовод и други наоди, денес изложени во археолошкиот музеј во Калјани.[2]
Денес овие наоди се помалку видливи за посетителите, но тие биле присутни во XIX век, за што сведочи историчарот Ѓорѓи Димзо од Охрид (1829 - 1903) во своето дело „Античка географија на Македонија“. Веројатно е дека доста камења се однесени од населението за свои потреби, притоа наполно уништувајќи ја тврдината.[1]
Во 1649 г. населението на Стени нашло прибежиште во тврдината при напад на албанска банда, но бандата ја ставила под тримесечна опсада и успеала да ја заземе.[1]
Во 2012 г. наоѓалиштето е прогласено за заштитен археолошки споменик.[3]
Наводи
уреди- ↑ 1,0 1,1 1,2 1,3 „Κάστρο Κτένι“. Ελληνικά Κάστρα. Посетено на 4 ноември 2016.
- ↑ „Κάστρο Κτενίου, Κοζάνη | Αρχαιολογικό Κτηματολόγιο“. www.arxaiologikoktimatologio.gov.gr. Архивирано од изворникот на 2023-05-12. Посетено на 2023-05-12.
- ↑ „YA ΥΠΑΙΘΠΑ/ΓΔΑΠΚ/ΔΙΠΚΑ/ ΤΑΧ/Φ43/119765/34591/6930/5479/8-11-2012 - ΦΕΚ 368/ΑΑΠ/26-11-2012“. Διαρκής κατάλογος κηρυγμένων αρχαιολογικών τόπων και μνημείων. Архивирано од изворникот на 2023-05-12. Посетено на 12 мај 2023.