Статуа на Брус Ли (Мостар)

статуа во Мостар, Босна и Херцеговина

Статуата на Брус Ли била откриена на 26 ноември 2005 година, во градот Мостар, Босна и Херцеговина, од страна на скулпторот Иван Фијолиќ. Сместена во Градскиот парк Зрињевац, статуата во природна големина е 1.68 м висока, пониска од вистинската висина на Брус Ли,[1] и била симбол на солидарност во етнички поделениот град сè додека не била украдена во грабеж на 4 март 2024 година, а потоа била пронајдена, иако исечена на парчиња.[2][3]

Статуа на Брус Ли (Мостар)
МестоГрадски парк Зрињски, Мостар
ПроектантИван Фијолиќ
Завршен26 ноември 2005
Посветен наБрус Ли

Историја

уреди

Статуата била првиот јавен споменик на Брус Ли откриен во светот, а статуа во Хонгконг била откриена еден ден подоцна, по повод одбележувањето на 65-тиот роденден на американската ѕвезда од Хонгконг.

Проектот на статуата бил предводен од Мостарското урбано движење, младинска група на чело со Нино Распудиќ и Веселин Гатало, кои ја сметале статуата како „обид да се преиспитаат симболите, старите и новите, со мешање на високата величественост со популарна култура и кунг фу. Во градот што бил растргнат во војна од етнички поделби, динамичната филмска ѕвезда бил симбол на „лојалност, вештина, пријателство и правда“. Ли бил „многу [доволно] далеку од нас за никој да не може да праша што правел за време на Втората светска војна“ и „дел од нашата идеја за универзална правда – дека добрите луѓе можат да победат“.[4] Ли, иако Американец со кинеско потекло и познат актер во боречки вештини, претставувал барем една работа што може да го премости јазот меѓу жителите на Мостар: „Едно нешто што ни е заедничко на сите е Брус Ли“.[5]

На церемонијата на откривањето на статуата присуствувале локални фанови на Брус Ли, претставници на германската влада, која го финансирала проектот, како и кинески претставници.[5] Боречките вештини се популарни помеѓу младата популација во Херцеговина, најмногу натпреварувачките мешани боречки вештини каде Хрватот Мирко Филиповиќ е меѓународна ѕвезда.

Набргу потоа, скулптурата била вандализирана, отстранета за поправка и вратена на крајот на мај 2013 година.[6][7] И Бошњаците и Хрватите се пожалиле дека статуата е провокација затоа што мислеле дека е насочена кон нивната страна од градот и имала борбен став, па нејзините творци ја ротирале статуата за да покажува кон неутрална насока.[8]

На 3 март 2024 година, статуата била украдена при грабеж и останала исчезната сè додека не ја пронашла полицијата 6 дена подоцна и дека осомничениот ја исекол на парчиња и планирал да ја продаде како старо железо.[2][3]

Наводи

уреди
  1. „How Tall Is Bruce Lee?“. Архивирано од изворникот на 2020-11-24.
  2. 2,0 2,1 „Iz parka v Mostarju izginil kip Brucea Leeja | 24ur.com“. www.24ur.com (словенечки). Посетено на 2024-04-03.
  3. 3,0 3,1 „Feldarabolva találták meg Bruce Lee mostari szobrát“. 24.hu (унгарски). 2024-03-09. Посетено на 2024-04-03.
  4. „Mostar's Little Dragon: How Bruce Lee became a symbol of peace in the Balkans“. April 2006. Посетено на 2007-09-13.
  5. 5,0 5,1 „Bosnia unveils Bruce Lee bronze“. BBC News. 2005-11-26. Посетено на 2010-05-13.
  6. „The Lost Bruce Lee Sculpture of Mostar“. Посетено на 2010-09-09.
  7. „IMG MGMT: Turbo Sculpture“. 24 August 2009. Посетено на 2010-09-09.
  8. Bilefsky, Dan (2007-11-11). „Balkans' Idolatry Delights Movie Fans and Pigeons“. The New York Times.