Статуа на Брус Ли, Мостар

 

Статуа на Брус Ли, Мостар
МестоГрадски парк Зрињски, Мостар
ПроектантИван Фијолиќ
Завршен26 ноември 2005
Посветен наБрус Ли

Статуата на Брус Ли била откриена на 26 ноември 2005 година, во градот Мостар, Босна и Херцеговина, од страна на скулпторот Иван Фијолиќ. Сместена во Градскиот парк Зрињевац, статуата во природна големина е 1.68 м (5 ft 6 in) висока, пониска од вистинската висина на Брус Ли од (5 ft 8 in),[1] и била симбол на солидарност во етнички поделениот град сè додека не била украдена во грабеж на 4 март 2024 година, а потоа била пронајдена, иако исечена на парчиња.[2][3]

Историја уреди

Статуата била првиот јавен споменик на Брус Ли откриен во светот, а статуа во Хонг Конг била откриена еден ден подоцна, по повод одбележувањето на 65-тиот роденден на американската ѕвезда од Хонг Конг.

Проектот на статуата бил предводен од Мостарското урбано движење, младинска група на чело со Нино Распудиќ и Веселин Гатало, кои ја сметале статуата како „обид да се преиспитаат симболите, старите и новите, со мешање на високата величественост со масовната култура и кунг фу. Во градот што бил растргнат во војна од етнички поделби, динамичната филмска ѕвезда бил симбол на „лојалност, вештина, пријателство и правда“. Ли бил „многу [доволно] далеку од нас за никој да не може да праша што правел за време на Втората светска војна“ и „дел од нашата идеја за универзална правда – дека добрите луѓе можат да победат“.[4] Ли, иако Американец со кинеско потекло и познат актер во боречки вештини, претставувал барем една работа што може да го премости јазот меѓу жителите на Мостар: „Едно нешто што ни е заедничко на сите е Брус Ли“.[5]

На церемонијата на откривањето на статуата присуствувале локални фанови на Брус Ли, претставници на германската влада, која го финансирала проектот, како и кинески претставници.[5] Боречките вештини се популарни помеѓу младата популација во Херцеговина, најмногу натпреварувачките мешани боречки вештини каде Хрватот Мирко Филиповиќ е меѓународна ѕвезда.

Набргу потоа, скулптурата била вандализирана, отстранета за поправка и вратена на крајот на мај 2013 година.[6][7] И Бошњаците и Хрватите се пожалиле дека статуата е провокација затоа што мислеле дека е насочена кон нивната страна од градот и имала борбен став, па нејзините творци ја ротирале статуата за да покажува кон неутрална насока.[8]

На 3 март 2024 година, статуата била украдена при грабеж и останала исчезната се додека не ја пронашла полицијата 6 дена подоцна и дека осомничениот ја исекол на парчиња и планирал да ја продаде како старо железо.[2][3]

Исто така види уреди

  • Статуа на Брус Ли (Хонг Конг)
  • Статуа на Брус Ли (Лос Анџелес)
  • Карпеста статуа во Житиште

Наводи уреди

  1. „How Tall Is Bruce Lee?“. Архивирано од изворникот на 2020-11-24.
  2. 2,0 2,1 „Iz parka v Mostarju izginil kip Brucea Leeja | 24ur.com“. www.24ur.com (словенечки). Посетено на 2024-04-03.
  3. 3,0 3,1 „Feldarabolva találták meg Bruce Lee mostari szobrát“. 24.hu (унгарски). 2024-03-09. Посетено на 2024-04-03.
  4. „Mostar's Little Dragon: How Bruce Lee became a symbol of peace in the Balkans“. April 2006. Посетено на 2007-09-13.
  5. 5,0 5,1 „Bosnia unveils Bruce Lee bronze“. BBC News. 2005-11-26. Посетено на 2010-05-13.
  6. „The Lost Bruce Lee Sculpture of Mostar“. Посетено на 2010-09-09.
  7. „IMG MGMT: Turbo Sculpture“. 24 August 2009. Посетено на 2010-09-09.
  8. Bilefsky, Dan (2007-11-11). „Balkans' Idolatry Delights Movie Fans and Pigeons“. The New York Times.

Предлошка:Bruce Lee