Примерок (статистика)

(Пренасочено од Статистички примерок)

Статистичкиот примерок е претставителен дел на масата во кого набљудуваната одлика се појавува приближно исто како и во целата маса. Во статистиката примерокот се користи за да се оценат одликите на популацијата врз основа на податоците од примерокот. Примерокот треба да биде претставителен, т.е. според својата структура да одговара на основната маса од која е земен.

Визуелна претстава за избор на едноставен случаен примерок

Според начинот на избор, примероците се класифицираат во две групи:

  • намерни или непробабилистички
  • случајни или пробабилистички

I. Намерниот (непробабилистички) примерок се формира од единиците на масата според личното убедување на истражувачот. Во групата на намерни примероци спаѓаат:

• Примерок заснован на субјективниот суд на истражувачот

• Квота-примрок

• Погоден примерок

II. Случаен (пробабилистички) примерок е оној во кој при изборот на единиците секоја единица има однапред позната веројатност да биде избрана. Случајните примероци се делат во две групи:

• Прости случајни примероци

• Контролирани примероци

Прост случаен примерок е оној во кој секоја единица на основната маса има позната и еднаква веројатност да биде избрана. Изборот може да биде:

  • без повторување: веројатноста при изборот е 1К каде што K=N!n!(N-n)!
  • со повторување: веројатноста при изборот е 1K каде што K=Nn

К е број на сите различни примероци со големина n коишто можат да се изберат од основната маса со големина N.

Кај контролираните примероци секоја единица има позната но не задолжително и еднаква веројатност на избор во примерокот. Во контролирани примероци спаѓаат:

Стратификуван примерок – претставува унија на прости случајни примероци, а секој од нив е избран од по еден стратум;

• Примерок на целини – примерок со кој се опфатени сите единици на избраните целини;

• Повеќеетапен примерок – примерок во кој не ги опфаќаме сите елементи ви целините, туку по случаен пат избираме само некој од нив;

Систематски примерок - примерок кај кого изборот на елементите го вршиме по некој систематски ред поаѓајќи од случајно избран почеток.

Наводи

уреди
  • Ристески, Славе, Тевдовски, Драган (2010): „Статистика за бизнис и економија“, IV изд, Скопје: Економски факултет-Скопје