Статистичка случајност
Вовед
уредиСлучајност претставува збир од два или повеќе настани и услови ,условно поврзани во времето , просторот и формата. Поимот случајност потекнува од Латинскиот збор “cum” што всушност значи ”со” ,”заедно” и “incidere” што значи “да се случи” .Во науката овој поим најчесто се употребува за појави за коишто не постои адекватно објаснување односно отстапуваат од нормалното и самите случувања се изненадувачки. Од статистичка перспектива , случајностите се неизбежни и најчесто помалку значајни отколку што делуваат интуитивно.Пример за тоа е "роденденскиот проблем", каде што случајноста за две поединци коишто го делат го делат истиот датум на раѓање вредностите достигнуваат до 50 % а во група само 23%.
Зошто постои случајност
уредиСлучајностите не опколуваат во секојдневниот живот. Во одредени случаи не воодушевуваат, збунуваат, неретко не водат кон нови откритија, можат да го променат текот на нашиот живот, местото каде што работиме, како и одредени рутини од секојдневието коишто ги препуштаме на случајности. Случајност претставува изненадувачко постоење на моменти меѓусебно поврзани без директно видлива врска. Шансата за да се случи редок настан на некој и некаде зависи од бројот на можности за тоа да се случи.[1] Употребувајќи ја Теорија на веројатноста ја пресметуваме можноста да се случи одреден настан.
Постојат 4 фази за анализа на случајностите:
1.Колкава е веројатноста да се случи специфичен настан ,на пример како 1 во 365 можности(шанси), двајца различни поеднинци да имаат ист датум на раѓање.
2.Колку можности постојат сличен настан да се повтори . Пример еден поединец има 1000 можности да сретне некој со ист датум на раѓање.
3.Мултиплицирајќи ги настаните според бројот на можности ќе се добие она што е познато како очекуваниот број на настани. Во овој случај се очекува бројот е 1/365 × 1000 ≈ 3, па се очекува да се сретнат околу 3 луѓе со ист датум на раѓање.
4.Колкава е шансата да се случи најмалку еден од тие настани .(Табела бр1) Доколку се очекува да се сретнат тројца поединци со ист датум на раѓање тогаш веројатноста да се сретне ниту еден со ист ден на раѓање е околу 5 %. Со оглед на тоа би било многу поизненадувачки доколку не се сретне ниту еден од примерокот од 1000 поединци кои го делат истиот датум на раѓање.== http://understandinguncertainty.org/node/129 Архивирано на 23 декември 2021 г. ==
очекуван број настани | да не се случи ниеден настан | да се случи барем еден настан |
---|---|---|
1 | 37% | 63% |
2 | 13% | 87% |
3 | 5% | 95% |
4 | 2% | 98% |
5 | 1% | 99% |
Стремежот кон рационалната теорија на случајност
уредиИ покрај тоа што сè уште не постои општа и задоволителна теорија на случајности неколку принципи покриваат голем дел од тоа што е потребно да се објасни. Меѓутоа принципите се всушност индиректни примери за тоа каков пристап да имаме кон случајноста.== http://www.math.northwestern.edu/~fcale/CCC/DC.pdf Архивирано на 26 мај 2012 г. ==
3.1 Скриена причинa
Повеќето од научните откритија зависат од пронаоѓањето на причините за збунувачката случајност . Секојдневните промени во светот создаваат случајности кои водат кон промени во нашето лично однесување , пример: нов шаблон на толкување. Зачестеноста на предвидувањата на непосакуван претскажан настан ги зголемуваат шансите за истовремено претсткажување на исходот .Занемерувајќи ги многуте неточни тези , самиот успех делува уште повеќе зачудувачки.Во исто време , значаен број на случајности произлегуваат од скриени причини кои сè уште не се откриени.Во овој момент не постои мерка за големината на количината на овие причини ,слично на тоа не постои општ начин да се објаснат односно не смее да се дозволи погрешно да се толкуваат и искористуваат .==http://www.math.northwestern.edu/~fcale/CCC/DC.pdf Архивирано на 26 мај 2012 г. ==
3.2 Психологија
Човечкото битие перцепира одредини појави и случувања.Аналогно на тоа она што упева да го перцепира и обратно е во зависност од тоа на што сетилата реагираат. Одредени истражувања покажуваат дека всушност претходното искуство претставува линк за идентификување на случајностите. Класичните студии на помнењето не потсетуваат на интензитетот ,блискоста и значајноста на претходното искуство коишто се отповикува на препознавање на случајностите.Оваа студија на психологијата ни докажува дека случајностите зависат од она на кое што ние се отповикуваме и препознаваме од претходното искуство.== http://www.math.northwestern.edu/~fcale/CCC/DC.pdf Архивирано на 26 мај 2012 г. == [2]
3.3 Законот на големи броеви
Првиот чекор во законот за големи броеви го направил Јакоб Бернули.Тој покажал дека доколку априори е позната веројатноста, на долг рок и под одредени услови може да се добијат очекуваните резултати при одредена и детерминирана честота на настанот.Во 19 век Поасо ја проширува Бернулиевата теорија за големите броеви и ја нарекува (Закон на големите броеви) . Поасо утврдил дека во целиот свет случајните и варијабилните настани, без оглед на очигледниот неред се јавува како систем кој може да се открие.Постојаните причинители постојано реагираат и на долг рок само го потврдуваат своето дејствие при што секоја класа на случувања се случува одреден број пати и во одредена пропорција. Законот за големи броеви тврди , доколку еден експеримент се повторува повеќепати ,под истите услови и независно релативната честота на случување на настанот А е приближно еднаква на веројатноста на настанот А. Стабилноста на статистичките честоти со оглед на тоа што не се зборува за закон во вистинска смисла туку во овој контекст треба да се имплицира дека секоја класа на настани покажува статистичка регуларност на случувања и дека е возможно да се утврди стабилна пропорција со самиот факт дека се испитува поголем број настани. Голем акцент се става на тоа дека оваа претпоставка не секогаш мора да биде точна. Постоењето на овој закон е од големо значење за индуктивното статистичко оценување.Тоа овозможува стабилност на долгорочните резултати од случајните настани.Врз основа на законот се заснова и предвидувањето на иднината врз основа на прибраните честоти , што доведува до тоа дека законот за големи броеви е еден од клучните статистички концепти. Растењето и опаѓањето на веројатноста (да се случи настанот) зависи од големината на примерокот односно колку поголем примерок - поголема веројатност и обратно. == http://www.e-statistika.rs/index.php?pa=56&idTeksta=79 == [3]
"===
Наводи
уреди===
- ↑ „архивска копија“. Архивирано од изворникот на 2021-12-23. Посетено на 2013-04-27.
- ↑ „архивски примерок“ (PDF). Архивирано од изворникот (PDF) на 2012-05-26. Посетено на 2013-04-28.
- ↑ [1]
"