Старогрчки календар

Постојат повеќе старогрчки календари, а во повеќето држави на Стара Грција започнувале помеѓу есента и зимата, освен атичкиот календар, кој започнувал во лето.

Грците, уште во времето на Хомер, се чини дека биле запознаени со поделбата на годината на дванаесет месечеви месеци, но не се споменува вметнатиот месец или ден, со дванаесетте месеци од 354 дена.[1] Независно од поделбата на еден месец во денови, тој бил поделен на периоди според зголемувањето и намалувањето на Месечината. Така, првиот ден, или млада месечина, се викал Нуменија. Месецот во кој започнува годината, како и имињата на месеците, се разликувале меѓу државите, а во некои делови дури и немало имиња за месеците, бидејќи тие се разликувале само бројчено, односно биле нарекувани: први, втори, трети, четврти месец и сл.

Од голема важност за реконструкцијата на регионалните грчки календари е календарот на Делфи, поради многубројните документи што се пронајдени таму, каде се запишувало ослободувањето на робовите, од кои многу се датирани според делфискиот, но и според регионалниот календар.

Календари по региони

уреди

Месеците од етолскиот календар ги презентирал Дакс (1932) врз основа на аргументите на Нитицки (1901) засновани врз синхронизми во документите за манумисија, односно ослободување на робовите, пронајдени на Делфи (датирани од 2 век п.н.е.).[2]

Забележани се голем број локриски календари, но само од 2 век п.н.е. Озолискиот Локрис од практични причини, исто така, имал федерален календар кој едноставно ги набројувал месеците од еден до дванаесет. Првиот месец (Протос) одговарал на делфискиот Букатиос, а преостанатите месеци кореспондираат со редовната низа на делфиските месеци. Забележани се имиња на одделни месеци од локриските градови во Амфиса, Фискос, Ојантеја, Тритеја и Толофон.[3]

Имиња на месеците во Античка Македонија:

  • Диос - Δίος
  • Апелаиос - Ἀπελλαῖος
  • Аудујанос или Ауднајос - Αὐδυναῖος или Αὐδναῖος
  • Перитиос - Περίτιος
  • Дистрос - Δύστρος
  • Ксандикос или Ксантикос - Ξανδικός или Ξανθικός
  • Артемисиос или Артамитиос - Ἀρτεμίσιος или Ἀρταμίτιος
  • Даисиос - Δαίσιος
  • Панемос или Панамос - Πάνημος или Πάναμος
  • Лоиос - Λώιος
  • Горпијајос - Γορπιαῖος
  • Хиперберетаиос - Ὑπερβερεταῖος

Тесалискиот календар бил стандардизиран дури во римската ера. Претходно, сите полиси имале свои календари засновани врз нивните фестивали.[4]

Наводи

уреди
  1. Philip, Alexander (1921). The Calendar: Its History, Structure and Improvement. London: Fetter Lane, E.C.4: Cambridge University Press. стр. 7.CS1-одржување: место (link)
  2. cited after Samuel (1972:76f.)
  3. Samuel (1972:76f.)
  4. Cult and koinon in Hellenistic Thessaly by Denver Graninger, 87–114.

Литература

уреди
    • Alan Edouard Samuel, Greek and Roman Chronology: Calendars and Years in Classical Antiquity, Volume 1, Part 7, C.H.Beck, 1972.
    • Danezis Manos & Theodosiou Stratos, The Odyssey of the Calendars, 1st Book (in Greek), 1995

Надворешни врски

уреди