Стара прилепска чаршија

чаршија во Прилеп, Македонија

На овиe простори човекот отсекогаш се стремел за да создава и иновира.Тој бил творец и производ на преобразувачката и општествена пракса во битусувањето пред нашата ера потоа низ вековите па низ годините.Така творецот го создал светски познатиот културен,историски,стопански,образовен и творечки градот Прилеп. Прилеп бил еден град кој многу штети претрпувал во минатото, но во денешно време градот Прилеп е нишка испреплетена од минатото,сегашноста и иднината. Прилеп градот херој уште го нарекуваат и Библиска Македонија.Градот Прилеп или Марковиот град има многу знаменитости со кои може да се гордее , една од тие знаменитости е старата чаршија во Прилеп.

Старата чаршија во Прилеп

Историјата на старата чаршија во Прилеп

уреди
 
Старата чаршија во Прилеп

Чаршијата во Прилеп се развила уште од создавањето на самиот град , но во тоа време наместо чаршија била наречена Прилепски пазар на тој пазар луѓето вршеле трговија на стока и прехранбени производи. Исто така голема значајност во прилепскиот пазар имале бакалниците од кои селаните се опремувале за подолг период со храна и други потребни материјали. Старата чаршија е урбанистички комплекс, којшто својот најголем подем го има во вторта половина на осумнаесеетот век и почетокот на деветнаесеетиот век кога во тој период Прилеп бил многу развиен трговски и занаетчиски град. Во втората половина на деветнаесеетиот век, по серијта пожари која ја зафатиле старата чаршија во Прилеп во 1854,1866 и 1873 година економската и трговскта моќ на страта чаршија опаднала. Денешниот изглед старата чаршија го добила во втората половина на деветнаесеетиот век а комплексните проблеми, кои го исполнуваат оштественото живеење во овај период , исполнет со кризни состојби на сите нивоа од општествените структури, предизвикале девалвирање на ететските и финкционалните специфики на чаршијата. Дуќаните во страта чаршија биле со посебен стил изградени кои даваат посебен дух и шарм на просторот. И покрај тоа што се создала старата чаршија, пазарите не го изгубиле својот афинитет покрај големиот број на дуќани кој биле под сопственост на прилепските еснафи и пазарот бил активен , дуќаните си биле дуќани но пазарот останал за век и векови, затоа што по тој пазар биле познати прилепчаните.

Развој на старата чаршија во Прилеп

уреди
 
Прилепските пазари

Развојот на старата чаршија во Прилеп бил од раните почетоци од појавувањето на првите тезги па после тоа се формирал прилепскиот пазар , по формирањето на прилепскиот пазар почнале да се отвораат бакалници т.е. Продавници за прехранбени производи.Во тие бакалници на почетокот се продавале основни работи како што биле: брашно , сол , газија, шеќер , масло, бонбончиња , леблебија и други работи кои биле потребни за животот на луѓето.После тоа се појавиле и други бакалници кои биле под сопственост на прилепските еснафи.Покрај бакалниците се отвориле и занаетчиски дуќани. Најпознати занаети биле : куменџискиот , басмарскиот, бочварскиот занает , тенеќеџискиот , ковачкиот занает , терзискиот занает,фурнаџискиот занет,кујунџискиот занает и други занаети сите овие дуќани биле од големите прилепски еснафи.Со отворањето на дуќаните , дуќан по дуќан се создала прилепската чаршија.Со создавањето на повеќе дуќани и со самото создавање на чаршијата меѓу еснафите се појавила кункурентност и сакале да бидат од подобри во подобри и со тоа се збогатувал и изборот за купување и трговија.После тоа во старата чаршија се појавиле и ковачите и наланџиите кои биле добро развиени во поновто време се појавиле и други занаети како што се : копчари , опинчари, ножари, рамкари ,бербери, изработувачи на сувенири и други.Исто така и појавата на овие занаети имале голем афинитет во прилепската чаршија со што таа од ден во ден била се попозната и попозната.Со усовршувањето на прилепската чаршија во Прилеп и во чаршијата имало околу петстотини занаетчии.И бројката на занаетчии не остнала само на петстотини занаетчии туку се проширувала чаршијата и станала една од попознатите чаршии во македонија во тоа време.

Анот на Стевананџиовци во старата чаршија во Прилеп

уреди
 

Во Прилеп ановите главно биле сконцентрирани околу Ат-пазар, меѓу Дабничка река, участакот, денешниот дом на културата „Марко Цепенков“, па сè до старата пошта. Тука биле ановите на Димко Грабулот, Боцевчињата, Заревци, Солуновци, Плетварци и на Стевананџиовци. Анот „Шар планина“ на Стевананџиовци бил најпопуларен меѓу другите анови на Ат-пазар, кои биле помали од него. Анот бил распореден на две улици („Ѓуро Ѓаковиќ“ и „Кузман Јосифоски-Питу“) и на булеварот до половина. Бил граден од цврст материјал и за тоа време бил најсовремен во Прилеп. Стеван Стевананџија го купил анот од претходните сопственици Турци околу 1860 година. Бил реновиран во 1921 и 1931 година, за што било потрошено 30 килограми злато. Во состав на анот имало околу 16 дуќани, така што без дворното место под покрив имало 1407 м2, а заедно со другиот ан имало вкупна површина од околу 2400 м2. Ановите биле со капацитет од околу 200 патници и околу 60 запрежни коли и во секое време можеле да преноќеваат 40 гости, а во собите се спиело на рогузини. Покрај собите за спиење во анот имало и гостилница. На надворешниот дел од анот имало бакалница, ортомџија, ситничар и брашнар а назад на делот кој излегувал на ул. „Кузман Јосифоски–Питу“ имало огромна работилница, која ја држел чехот Пепи, кој ги поправал тогашните машини. Во внатрешниот дел имало два огромни ара за добиток, а во целиот комплекс, кој бил обѕидан во круг било дворното место. Шталите биле со настрешници кои собирале 30-40 коли. Во истиот круг, веднаш до шталите имало налбати и бербер, а во дворот имало 2 маази (магацини) изградени од камен и со метални врати. Во петок и во сабота, за на пазар доаѓале луѓе од селата: Годивље, Подвис, Рилево, Зрзе, Маргари, како и од полските села. Се носело за продажба: Сало, мед, јајца и сено. Ицко, синот на Стеван Стевананџија заедно со своите четири синови ја продолжил работата со анот. Димко бил ортомџија, Борка бакалџија, Илија работел со гостилницата, а Блаже работел земјоделство и производите ги носел за гостилницата и за продавање, а сопругата на Ицко готвела во кујната. Ицко, како најстар, ги држел клучевите и раководел со сето тоа. Починал во 1946 година од мака и јад кога власта се му одзела. Во 1957 година, според решението на окружниот суд во Битола, дел од анот се експроприрал и бил урнат, а останатото е уривано дел по дел, за конечно во 1971 година, во вежба на СВОЗ да биде запалено и уништено добар дел на тоа што останало.

Прилепска занаетчиска задруга

уреди
 
Прилепската занаетчиска задруга

Прилепската занаетчиска задруга е формирана на 27 август 1927 година, со цел да биде кредитор на занаетчиството. Основачкото собрание било одржано на 4 август 1927 година. Задругата имала управа и надзорен одбор од по 3 члена. Задругата работела со успех, а бројот на задругарите од година на година растел, така што во 1937 година биле зачленети 249 задругари. Штедните влогови од задругарите во задругата во 1937 година изнесувале 81.523 динари постојана заштеда и 190.650 динари обична заштеда. Во задругата ченувале прилепските слаткари, шеќерџии, ортомџии, самарџии, чевлари, свеќари, ќурчии, кожувари, кујунџии, печатари, пекари, терзии, предилничари, ковачи, колари и многу други. Со помош на занаетчиската задруга, во Прилеп се изградил и занаетчискиот дом со кино сала.

Старата чаршија во Прилеп денес

уреди
 
Старата чаршија денес

Со развојот на технологијата така и некои делови во старата чаршија во Прилеп се променети односно модернизирани , но со тоа се губи афинитетот на старата прилепса чаршија па поради тоа дуќаните во старата чаршија ќе се обноват како што биле во времето на создавањето на старата чаршија а и со тоа ќе се подобри туризмот во градот и ќе се вртаи автентичноста на градот.Исто така и ќе се изврши рестарвација на фасадите на дуќаните во чаршијата со што постепено ќе се вратат „ столетијата “ и исто така ќе се уреди и околината на страта чаршија во прилеп.

Споменик на Итар Пејо во старата чаршија во Прилеп

уреди
 
Споменикот на Итар Пејо

На мал плоштад непосредно до Саат кулата и Чарши џамија на влезот од познатиот прилепски пазар, каде со векови се одвивал богат чаршински живот, поставен е споменик на Итар Пејо, ликот што го создаде народниот творец, истакнувајќи ја мудроста, итрината и духовитоста, особини што ги красат прилепчани. Споменикот е поставен на две чешми. Итар Пејо е лик кој е важен во антологијата на Македонската книжевност. Со поставувањето на споменикот на Итар Пејо во старата чаршија, воедно местото е назначено како плоштад на Итар Пејо. Со поставување на овај споменик се негуваат културните традиции во градот и овај споменик е од големо значење за прилепската чаршија со тоа што се враќа афинитетот на страта прилепкса чаршија. Споменикот на Итар Пејо го одразува духот на старата чаршија, на дарбата и на желбата за хумор.На полоштадот на Итар Пејо има мултимедијална намена , глумци од прилепскиот театар изведоа Фрагменти од приказните за надалеку чуените мајтапи и надмудрувања меѓу Настрадин-оџа и Итар Пејо.

Старата чаршија низ слики

уреди