Стара зграда на Италијанскиот конзулат во Битола
Зграда на Италијанскиот конзулат — архитектонска знаменитост во градот Битола Се наоѓа на улица Солунска бр. 226.[1]
Стара зграда на Италијанскиот конзулат | |
---|---|
Општи податоци | |
Вид | двокатна зграда |
Стил | неокласична архитектура |
Град | Битола, Општина Битола |
Земја | Македонија |
Координати | 41°1′31.69″N 21°20′4.78″E / 41.0254694° СГШ; 21.3346611° ИГД |
Завршена | Крај на 19, почеток на 20 век |
Нарачател | Италијански конзулат во Битола |
Историја
уредиЗградата е изградена кон крајот на XIX - почетокот на XX век. Таму се наоѓал Италијанскиот конзулат во градот. [1]
Архитектура
уредиЗградата е архитектонски еклектична со неокласични елементи - тимпани, капители и друго. Се состои од визба, приземје и кат. Северната и источната фасада имаат симетрично сместени отвори, со тимпани над прозорците на првиот кат, со богат профил, каков што има околу прозорските прагови. Првиот кат и визбата се одделени со меѓуподни корнизи, а покривниот корниз е богато профилиран.[1]
Наводи
уреди- ↑ 1,0 1,1 1,2 Миновски, Никола, НУ Завод и Музеј - Битола (2002). „Италијански конзулат – Конзулска Битола“. Посетено на 14 октомври 2020.