Кинеско стандардно време

Кинеско стандардно време или пекиншко време е часовен појас што се користи во Народна Република Кина (континентален дел). Овој појас е 8 часа понапред од UTC (UTC+8).[1]

Извесни региони во источна Азија како Голема Кина исто така користат часовни појаси со истото отстапување, но под различни називи како Чунгјуенско стандардно време, Хонгконшко време, Макајско стандардно време, Филипинско стандардно време, Сингапурско стандардно време итн.

НР Кина применувала летно сметање на времето од 1986 до 1991 г, но сега тоа е укинато.[2]

Други појаси во континентална Кина

уреди

Иако единствената официјална часовен појас во НР Кина е Пекиншкото време, Народникот конгрес на Ујгурскиот Автономен Регион освоил употреба на т.н. Урумчиско време (UTC+6), кое е два часа зад Пекинг бидејќи се наоѓа во најзападниот дел на Кина. Месното население го користи ова време, иако истото не е официјално признаено.[3]

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. „Часовен појас“. Службена страница. Служба за надворешни работи на Народната управа на покраината Јинан. 29 август 2007. Архивирано од изворникот на 2008-05-26. Посетено на 26 јули 2008. Пекиншкото време или Кинеско стандардно време е 8 часа понапред од GMT. (англиски)
  2. „Кинеските политички советници даваат предлози за заштеда на ресурси“. Службен портал на кинеската влада. Народна Република Кина. 7 јули 2007. Архивирано од изворникот на 2018-10-15. Посетено на 26 јули 2008. Кина испробала летно сметање на времето од 1986 до 1991 г. (англиски)
  3. „Работниот календар на управата на Ујгурскиот Автономен Регион“. Управа на Ујгурскиот Автономен Регион. Архивирано од изворникот на 2007-11-09. Посетено на 26 јули 2008. Урумчиското време (GMT+6) е 2 поназад од Пекиншкото време (англиски)