Стандардизирани практики
Оваа статија можеби бара дополнително внимание за да ги исполни стандардите за квалитет на Википедија. Ве молиме подобрете ја оваа статија ако можете. |
Оваа статија или заглавие има потреба од викифицирање за да ги исполни стандардите за квалитет на Википедија. Ве молиме помогнете во подобрувањето на оваа статија со соодветни внатрешни врски. |
Воведувањето на корпоративно управување не значи ништо друго туку стандардизација на практиките, процесите и однесувањето во компаниите, која се заснова врз принципите на одговорност, транспарентност и контрола во одлучувањето, секојдневното работење и известувањето за состојбите во компанијата.
Како и кај секоја друга стандардизација, нејзина цел е намалување на неизвесноста и ризикот од стапување во релации со компанијата, а во овој случај, осбено е важна целта за зголемување на довербата во компанијата. Прифаќањето на ваков, стандардизиран пристап кон управувањето и водењето на бизнисот, им носи на компаниите посебен вид додадена вредност – вредност произлезена од работење во етички рамки. Во компаниите со ефикасно корпоративно управување одлуките не се носат само со цел да се оствари економскиот интерес, туку и со цел таквите одлуки да не ги повредат интересите на останатите вклучени страни.