Триножник
(Пренасочено од Сталка)
Триножник[1][2], триногарник[3][4], сталка[5][6] или статив[7][8] — пренослива рамка со три ногарки, која се користи како носач за предмети. Стативот обезбедува стабилна основа против силите кои делуваат надолу и во хоризонтална насок, како и против моментите околу вертикалната оска.
Лабораториски статив
уредиЛабораторискиот статив има бројни примени како платформа за држење на опрема при различни опити. Овој дел од лабораториската опрема се користи како потпора за лабораториски прибор (шишиња, колби, ерленмаери). Стативот обично е направен од лесни метали. Некои стативи имаат врв направен од леано железо.
Наводи
уреди- ↑ „триножник“ — Дигитален речник на македонскиот јазик
- ↑ „триножник“ — Официјален дигитален речник на македонскиот јазик
- ↑ „триногарник“ — Дигитален речник на македонскиот јазик
- ↑ „триногарник“ — Официјален дигитален речник на македонскиот јазик
- ↑ „сталка“ — Дигитален речник на македонскиот јазик
- ↑ „сталка“ — Официјален дигитален речник на македонскиот јазик
- ↑ „статив“ — Дигитален речник на македонскиот јазик
- ↑ „статив“ — Официјален дигитален речник на македонскиот јазик