Срѓан Баљак
Срѓан Баљак (роден на 25 ноември 1978 година) е поранешен српски професионален фудбалер кој играл на позицијата како напаѓач.
Кариера
уредиСрѓан Баљак е роден во Сремска Митровица. Својот прв сениорски натпревар го имал во клубот на Телеоптик, пред да биде промовиран во екипата на Партизан. За Црно-белите во текот на сезоната 1999-2000 имал одиграно натпревар во поразот со 0:1 на гостински терен кај премиерлигашот Лидс Јунајтед, во реваншот од првото коло од Купот на УЕФА 1999-2000.[1] Тој подоцна бил испратен како позајмен играч за период од шест месеци во Раднички од Крагуевац. Тоа се случило во зимскиот преоден рок, во 2000 година.
Во јуни 2002 година, Баљак за прв пат се преселил во странство и потпишал со јапонскиот клуб Консадоле Сапоро. Во преостанатиот дел од сезоната 2002 за новиот клуб одиграл 13 натпревари во лигата и постигнал три гола,[2] но не успеал да му помогне на тимот да избегне испаѓање од првата лига.
Во летниот преоден рок во 2003 година, Баљак се вратил во својата татковина и се приклучил на клубот на Будуќност од Банатски Двор, откако клубот за прв пат во својата историја изборил настап во Првата лига. Клубот на Будуќност на крајот од дебитантска сезона испаднал од првата лига.[3] Клубот на изненадувачки начин стигнал до финалето на Купот на Србија и Црна Гора,[4] со што обезбедил место во Купот на УЕФА 2004–05.
Додека играл за Банат од Зрењанин, Баљак станал најдобар стрелец во Српската Суперлига со 18 гола и тоа во сезоната 2006–07,[5] со што го спасил клубот од испаѓање. Исто така, ѝ помогнал на екипата да стигне до полуфиналето на Купот на Србија истата година. Клубот бил елиминиран во полуфиналето од екипата на Војводина.
Во јуни 2007 година, Баљак се преселил да игра во Германија потпишувајќи за екипата на Мајнц 05 за период од три години.[6] Тој бил нивниот втор стрелец по постигнати голови во сезоната 2008–09 во Бундеслигата 2 со вкупно 11 гола. На крајот на сезоната Мајнц 05 успел да се квалификува во Бундеслигата. Во првата лига од германското првенство, Баљак добивал ограничена минутажа и поради тоа бил префрлен во клубот на МСВ Дисбург во месец јануари 2010 година.[7] Во новиот клуб бил именуван за капитен на тимот пред почетокот на сезоната 2010–11.[8] Со екипата на Дисбург стигнал до финалето на ДФБ-Покал истата таа сезона.
Во јули 2013 година, Баљак потпишал со клубот на Ворматија Вормс (клуб од пониската германска лига) на слободен трансфер.[9] Тој го напуштил клубот по само една сезона и се приклучил на екипата на Шот Мајнц.[10] Во април 2017 година, било соопштено дека Баљак ќе се пензионира и тоа на крајот од сезоната.[11]
Статистика
уредиКлуб | Сезона | Лигашки натпревари | Куп натпревари | Континентални натпревари | Вкупно | ||||
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Натпревари | Голови | Натпревари | Голови | Натпревари | Голови | Натпревари | Голови | ||
Партизан | 1998–99 | 0 | 0 | 0 | 0 | 0 | 0 | 0 | 0 |
1999–2000 | 1 | 0 | 0 | 0 | 1 | 0 | 2 | 0 | |
2000–01 | 0 | 0 | 0 | 0 | 0 | 0 | 0 | 0 | |
2001–02 | 0 | 0 | 0 | 0 | 0 | 0 | 0 | 0 | |
Вкупно | 1 | 0 | 0 | 0 | 1 | 0 | 2 | 0 | |
Раднички од Крагуевац (како позајмен играч) | 1999–2000 | 15 | 0 | 1 | 0 | — | 16 | 0 | |
Консадоле Сапоро | 2002 | 13 | 3 | — | 13 | 3 | |||
Будуќност од Банатски Двор | 2003–04 | 17 | 7 | — | 17 | 7 | |||
2004–05 | 38 | 24 | 2 | 0 | 40 | 24 | |||
2005–06 | 11 | 2 | 0 | 0 | — | 11 | 2 | ||
Вкупно | 66 | 33 | 0 | 0 | 2 | 0 | 68 | 33 | |
Олимпик од Баки (како позајмен играч) | 2005–06 | 10 | 3 | — | 10 | 3 | |||
Банат од Зрењанин | 2006–07 | 30 | 18 | 4 | 1 | — | 34 | 19 | |
Мајнц 05 | 2007–08 | 23 | 6 | 1 | 0 | — | 24 | 6 | |
2008–09 | 31 | 11 | 4 | 0 | — | 35 | 11 | ||
2009–10 | 4 | 0 | 0 | 0 | — | 4 | 0 | ||
Вкупно | 58 | 17 | 5 | 0 | — | 63 | 17 | ||
МСВ Дисбург | 2009–10 | 17 | 6 | 0 | 0 | — | 17 | 6 | |
2010–11 | 25 | 9 | 4 | 1 | — | 29 | 10 | ||
2011–12 | 8 | 0 | 0 | 0 | — | 8 | 0 | ||
2012–13 | 23 | 2 | 1 | 0 | — | 24 | 2 | ||
Вкупно | 73 | 17 | 5 | 1 | — | 78 | 18 | ||
Ворматија Вормс | 2013–14 | 19 | 1 | 0 | 0 | — | 19 | 1 | |
Шот Мајнц | 2014–15 | 20 | 6 | 0 | 0 | — | 20 | 6 | |
2015–16 | 23 | 7 | 0 | 0 | — | 23 | 7 | ||
2016–17 | 14 | 6 | 0 | 0 | — | 14 | 6 | ||
Вкупно | 57 | 19 | 0 | 0 | — | 57 | 19 | ||
Вкупно во кариерата | 342 | 111 | 15 | 2 | 3 | 0 | 360 | 113 |
Признанија
уредиКлуб
уреди- Будуќност Банатски Двор
- Освоена е Втората лига на Србија и Црна Гора: 2004–05
- Куп на Србија и Црна Гора: Второпласирани 2003–04
- МСВ Дисбург
- ДФБ-Покал:: Второпласирани 2010–11
- Шот Мајнц
- Освоена е Оберлигата Рајнланд-Пфалц/Сар: 2016–17
Индивидуални награди
уреди- Најдобар стрелец во Српската Суперлига: 2006–07
Наводи
уреди- ↑ „Huckerby seals it for Leeds“. bbc.co.uk. 30 September 1999. Посетено на 20 October 2016.
- ↑ „Baljak Srdjan“. soccer-db.net. Посетено на 21 May 2017.
- ↑ „Serbia and Montenegro 2003/04“. rsssf.com. Посетено на 20 October 2016.
- ↑ „Humska u crveno-belom“ (српски). glas-javnosti.rs. 13 May 2004. Архивирано од изворникот на 2016-06-04. Посетено на 20 October 2016.
- ↑ „Baljak, ipak, najbolji strelac lige“ (српски). b92.net. 3 June 2007. Посетено на 20 October 2016.
- ↑ „Mainz verpflichtet Stürmer Baljak aus Serbien“ (германски). espnfc.com. 20 June 2007. Посетено на 20 October 2016.
- ↑ „MSV verpflichtet Srdjan Baljak von Mainz 05“ (германски). msv-duisburg.de. 6 January 2010. Посетено на 20 October 2016.
- ↑ „Srdjan Baljak ist der neue Kapitän“ (германски). msv-duisburg.de. 11 August 2010. Посетено на 20 October 2016.
- ↑ „Transfercoup: Wormatia Worms verpflichtet Srdjan Baljak vom MSV Duisburg“ (германски). nibelungen-kurier.de. 26 July 2013. Посетено на 20 October 2016.
- ↑ „Srdjan Baljak“ (германски). fupa.net. Посетено на 20 October 2016.
- ↑ „Baljak macht Schluss“ (германски). sportausmainz.de. 24 April 2017. Посетено на 18 July 2018.