Српска гимназија во Солун
Српската гимназија „Дом на науките“ во Солун била основана во 1894 год. во Солун, а работела до 1910 кога нејзината улога ја презела гимназијата во Скопје.
Гимназијата започнала со работа во учебната 1894/95 во српското основно училиште во Солун со 15 ученици во I клас. Наставната програма била иста како и во Кралството Србија, а се учело и француски и турски јазик.
Бројност на учениците
уредиКако се развивало училиштето и каков успех постигнале учениците почнувајќи од учебната 1897/98 па до 1900/01 година, може да се види од следната табела:
Учебна година | Класови | Број на ученици | Завршиле клас | Повторувале клас |
---|---|---|---|---|
1897/98 | I - IV | 119 | 104 | 15 |
1898/99 | I - V | 122 | 104 | 18 |
1899/900 | I - V | 137 | 115 | 22 |
1900/901 | I - VI | 228 | 116 | 12 |
Најголем број од учениците потекнувале од Солун и Солунскиот вилает.
Подрачје | 1897/98 | 1898/99 | 1899/1900 | 1900/01 |
---|---|---|---|---|
Солунски вилает | 91 | 75 | 92 | 76 |
Косовски вилает | 30 | 36 | 47 | 38 |
Битолски вилает | 22 | 21 | 22 | 12 |
Босански вилает | 2 | |||
Кралство Србија | 3 | |||
Кнежевство Црна Гора | 3 | |||
од други земји | 2 |
Список на директори
уреди- Петар Костиќ (1894–1897)
- Васа Димиќ (1897–1899)
- Богдан Јанковиќ (1899–1901)
- Коста Ф. Ковачевиќ (1901–1903)
- Драгомир Обрадовиќ (1903–1910)[2]