Средоземна фока-мечка

Средоземна фока-мечка
Научна класификација
Царство: Animalia
Колено: Chordata
Класа: Mammalia
Ред: Carnivora
Подред: Pinnipedia
Семејство: Phocidae
Род: Monachus
Вид: M. monachus
Научен назив
Monachus monachus
(Hermann, 1779)
Распространетоста на средоземната фока-мечка

Средоземна фока-мечка (Monachus monachus)

Двата вида Monachus monachus се загрозени. Покрупниот вид, средоземната фока-мечка, се наоѓа на списокот на најзагрозени видови. Крзното може да има од темнокафеава до бледокафеава боја. Женките се покрупни од мажјаците, а младенчињата се раѓаат со црно крзно, што е голема реткост меѓу фоките. Овој вид фоки порано биле доста распространети, но, поради повеќевековното претерано ловење, нивниот вкупен број се намалил на само неколку стотици. Тие главно живеат во Средоземјето, но најголема е колонијата на атлантскиот брег на Мароко. Најблиска роднина на оваа фока е ретката хавајска фока-мечка.

Наводи

уреди
  1. Monachus monachus. IUCN Red List. Version 2008. International Union for Conservation of Nature. 2008. Посетено на 28 January 2009. Listed as Critically Endangered (CR A2abc; C2a(i); E)

Надворешни врски

уреди