Средоземна бурница

вид птица
Средоземна бурница
Научна класификација
Царство: Животни
Колено: Хордати
Класа: Птици
Ред: Цевконосни
Семејство: Procellariidae
Род: Puffinus
Вид: Средоземна бурница
Научен назив
Puffinus yelkouan
(Acerbi, 1827)
Синоними

Procellaria yelkouan Acerbi, 1827
Puffinus puffinus yelkouan (Acerbi, 1827)
Puffinus yelkouan yelkouan (Acerbi, 1827)

Јајце.

Средоземна бурница (Puffinus yelkouan[1]) или во Македонија попознат како мал завој — средноголема морска птица од редот на цевконосните. Според списокот на „Авибазата“ на Denis Lepage, оваа птица ја има во Македонија, но нејзиното присуство не е посведочено.

Опис и идентификација

уреди

Овие птици се 30-38 см долги, со 76-89 см распон на крилјата. Летаат сечејќи го воздухот, брцнувајќи во водата од место на место со здрвени крилја, мавтајќи и речиси допирајќи ја водата со врвот од крилата. Личат на летачки крст. Со своите крилја формираат прав агол во однос на телото и ја менуваат бојата од темнокафена во бела бидејќи темните горни делови на телото и посветлите делови на долниот дел се наизменично откриени додека таа лета ниско над морето. Тивки се во морето, но во текот на ноќта колониите каде се размножуваат живнуваат со бучно зарипнато крекање, со поголем интензитет, но поразвлечено во споредба со птиците од островот Ман (обичните бурници).

Таксономија

уреди

Порано се сметаше дека оваа птица е подвид на обичната бурница[2]. Денеска тие се сметаат за монотипичен вид, кој припаѓа на средоземната и соседната атлантска група буравесници.[3][4]

Живеалиште и статус

уреди

Средоземните буравесници се размножуваат на острови и крајбрежни гребени во Источен и Централен Медитеран. Повеќето презимуваат во тоа море, но помал број влегуваат во Атлантикот на крајот од летото. Овој вид се гнезди во дупки, кои ги посетуваат само во текот на ноќта за да ги избегнат грабливците како што се големите галеби. Овие птици се многу друштвени и можат да се забележат во голем број, од бродови или од копно, особено на есен. Тие се хранат со риби и школки. Ги следат рибарските бродови, од кои се фрлаат остатоци од храна. Тие се во опасност поради изградба на одморалишта во близина на местата за размножување, а исто така и од животни како што се стаорците и мачките. На островот Ле Левант, една од нивните главни локации за размножување, мачките убиваат илјадници птици секоја година и се смета дека ова може да доведе до исчезнување на овој вид за неколку децении.[5] Порано, тие биле класифицирани како најмалку загрозен вид,[6] но новото истражување покажа дека се поретки отколку што се веруваше. Следствено, тие се најдоа на списокот на речиси загрозените видови во 2008 година[7] и ранливи во 2012 година.[8]

Наводи

уреди
  1. Етимологија: Puffinus е новолатинска форма од англискиот термин "puffin" (со кој буравесниците се целосно неповрзани). yelkouan, доаѓа од турскиот yelkovan, „ветрокршачи“, месен назив за буравесниците, посебно за овој вид.
  2. Harrison (1988)
  3. Wink et al. (1993), Heidrich et al. (1998), Sangster et al. (2002)
  4. Austin (1996)
  5. Bonnaud, E. et al. (2012), Predation by cats could lead to the extinction of the Mediterranean endemic Yelkouan Shearwater Puffinus yelkouan at a major breeding site. Ibis, 154:566–577.
  6. BLI (2004)
  7. BLI (2008)
  8. „Recently recategorised species“. Birdlife International (2012). Архивирано од изворникот на 2008-09-14. Посетено на 14 June 2012.

Надворешни врски

уреди