Сребрена сончева роса
„Сребрена сончева роса“ — поезија за деца на македонската писателка Косара Гочкова.
Автор | Косара Гочкова |
---|---|
Изработувач на корицата | Младен Туниќ |
Земја | Македонија |
Јазик | македонски |
Жанр | поезија |
Издавач | Култура |
Издадена | 1983 |
Медиум | печатено издание |
Содржина
уредиПоезијата за деца собрана во стихозбирката Сребрена сончева роса на македонската писателка Косара Гочкова е поделена во пет различно именувани теми: Сонот на детството, Игра на цвеќињата, Утро во родниот крај, Шепот на времињата, Момини солзи. Со својата ангажирана поезија Косара Гочкова и во оваа своја збирка дава идиличен приказ на детството и сето она што го опкружува детето. [1]
Изданија
уредиПрвото издание е во 1983 година од издавачката куќа „Култура“, Скопје [2]
Осврт кон делото
уредиПоезијата на Гочкова дише со едноствноста на изразот, со ритамот и римата кои лесно се помнат и остануваат во изградената стихувана слика на авторката. Читателот лесно може да се идентификува со стиховите и да се пронајде во секоја од песните, било тоа да е за пладнето или ластовицата, па дури и за истеченото млеко во кујната на мама. Тука се гледа мајсторството и вештината во стихотворењето на Гочкова, која на строг, концизен начин, без многу китење успева да создаде слика во главите на младите читатели.[3]