Светски ден на телекомуникациите и информациското општество

Светски ден на телекомуникациите и информациското општество – 17 мај дефиниран од ООН кога се прославува денот на телекомуникациите и информациското општество. Целта на овој настан е да се даде помош во зголемувањето на свеста за можностите што користењето на интернетот и другите информациски и комуникациски технологии (ИКТ) може да му го донесе на општествата и економиите, како и начинот да се премости дигиталниот јаз. 17 мај ја означува годишнината од потпишувањето на првата Меѓународна телеграфска конвенција и формирањето на Меѓународната унија за телекомуникации[1].

International Telecommunication Union logo.svg
Лого на Меѓународната унија за телекомуникации

Светски ден на телекомуникациите уреди

Светскиот ден на телекомуникациите се слави на 17 мај од 1969 година, обележувајќи го основањето на МУТ и потпишувањето на првата Меѓународна телеграфска конвенција во 1865 година. Истото било институционализирано на конференцијата во Малага-Торемолинос во 1973 година.

Светски ден на информациското општество уреди

Во ноември 2005 година, Светскиот самит за информациско општество го повика Генералното собрание на ООН да го прогласи 17 мај за Светски ден на информациското општество за да се стави во фокусот значењето на ИКТ и широкиот спектар на прашања кои се однесуваат на информациското општество што ги покрена Светскиот сами за информациско општество. Генералното собрание усвои резолуција (A/RES/60/252) во март 2006 година која одредува дека прославата на Светскиот ден на информациското општество ќе се прославува секоја година на 17 мај.

Светски ден на телекомуникациите и информациското општество уреди

Во ноември 2006 година, Конференцијата на МУТ во Анталија, Турција, реши двата настани да се слават на 17 мај како Светски ден на телекомуникациите и информациското општество. Ажурираната Резолуција 68 ги повикува земјите членки денот да го прославуваат на годишна основа со организирање на соодветни национални програми.

Светскиот ден на телекомуникациите и информациското општество во Македонија уреди

По повод Светскиот ден на телекомуникациите и информациското општество, Институтот за телекомуникации при Факултетот за електротехника и информациски технологии на универзитот „Св. Кирил и Методиј“ почнувајќи од 2014 година[2], секоја година организира работилница од областа на телекомуникациите [3].

Наводи уреди

  1. Светски дена на телекомуникациите и информациското општество Архивирано на 6 мај 2016 г. на мрежното место на МУТ
  2. „Одржана првата работилница од областа на телекомуникациите FutureCom 2014“. Архивирано од изворникот на 2017-01-06. Посетено на 2016-05-11.
  3. FutureComNet 2016, IoT The great disruption[мртва врска]