Прокна (грч. Πρόκνη) не е многу значајна фигура во старогрчката митологија. Таа е ќерка на атинскиот крал Пандион, жена на тракискиот крал Тереј.

Прокна и Филомела

Митологија уреди

Прокна влегла во митовите заради својата сурова освета кон сопругот Тереј. Бидејќи тој се вљубил во нејзината сестра Филомела, таа го убила сина си, омилениот на Тереј, и му го сервирала месото да го изеде.[1]

Наводи уреди

  1. Војтех Замаровски, Јунаци на античките митови, Лексикон на грчкaта и римскaта митологијa, Загреб 1985, стр. 286.