Парабола за богатиот будала

Парабола за богатиот будала (или Парабола за глупавиот богаташ) — позната Исусова парабола која зборува за безумноста да се држиме до материјалното богатство.

Рембрант, Парабола за богатиот будала, 1627

Параболата се наоѓа во канонското Евангелие според Лука (12:13-21) и во неканонското Евангелие според Тома (изрека 63). Со Лука, веднаш во продолжение следи поуката „не грижи се за животот“.

Оваа парабола е прикажана од многу уметници, меѓу другите Рембрант, Џејмс Тисо, Јан Лујкен и Дејвид Тениерс Помладиот.

Парабола уреди

Според Лука уреди

Во Евангелието според Лука, Исусовата парабола е забележана заедно со случката што ѝ претходи:

13. Некој од народот Му рече: „Учителе, кажи му на мојот брат да го раздели со мене наследството!”

14. А Он му рече: „Човеку, кој Ме постави да ви судам или да ве делам?”
15. Потоа им кажа: „Гледајте и пазете се од лакомство, оти животот на човека не зависи од изобилието на неговиот имот.”
16. И им кажа парабола и им рече: „На некој богат човек нивата му беше родила многу;
17. и мислеше во себе, велејќи: „Што да правам? Немам во што да ги соберам плодовите свои.“
18. Па рече – вака ќе направам: „ќе ги урнам амбарите свои и ќе соѕидам поголеми, и таму ќе го соберам сето свое жито и сите свои добра,
19. и ќе ѝ речам на душата своја: душо, имаш многу добра, приготвени за многу години; јади, пиј и весели се!“
20. Но Бог му рече: „Безумниче, ноќеска ќе ти ја побарам душата твоја; тоа, што си го приготвил, кому ќе му остане?“
21. Така бива со оној што собира добра за себе, а не се богати во Бога.”

— Евангелие според Лука, 12:13-21 [1]

Според Тома уреди

Евангелието според Тома ја пренесува само Исусовата парабола:

Си бил еднаш богаташ кој имал голем посед. Рекол: „Ќе го употребам своето богатство да сеам, жнеам, садам и ги полнам своите складишта со плодови, така што ништо нема да ми недостасува.“ Така си мислел во своето - и таа ноќ умрел. Кој има уши нека слуша. — Евангелие по Тома (изрека 63)

Толкувања уреди

Богатиот селанец во оваа парабола е претставен негативно, како пример за алчност.[2] Со изградбата на поголем амбар, избегнал да користи обработливо земјиште за складирање, со што го зголемил приносот и си овозможил да чека да порасне цената пред да го продаде.[2] Свети Августин објаснува дека селанецот „имал намера да си ја наполни душата со прекумерно и непотребно стомачно уживање и бил горделив, не грижејќи се за сите тие празни стомаци на сиромашните. Тој не сфаќал дека стомаците на сиромашните се многу побезбедни складишта од неговите амбари.“ Арланд Хултгрен смета дека параболата за богатиот будала „дава пример за тоа каков некој не треба да биде. Лице чиј идентитет е поврзан со имотот, позицијата и успесите - и гонет за нивно стекнување - лесно може да заврши несвесен за повикот на Бога и потребите на својот ближен.“

Безумноста на богаташот лежи особено во фактот дека богатството не може да ја гарантира иднината - судниот ден дошол побрзо отколку што очекувал.[3]

Наводи уреди

  1. „Свето евангелие според Лука“. Свето писмо. Посетено на 16 јули 2022.
  2. 2,0 2,1 Joel B. Green, The Gospel of Luke, Eerdmans. Парабола за богатиот будала
  3. Purdy, John C. (1985). Parables at Work. Westminster John Knox Press. стр. 41–43. ISBN 978-0-664-24640-2.

Литература уреди