Ловќен — планина и национален парк во југозападна Црна Гора. Планината се издигнува од границите на Јадранско Море, ги затвора долгите заливи на Бока Которска и завршува во крајбрежниот град Котор. Највисоки врвови на Ловќен се Штировник (1,749 м) и Езерски Врв (1,657 м).

Ловќен
Националниот парк „Ловќен“
Највисока точка
Надм. вис.1749 м
Координати42°23′57″N 18°49′06″E / 42.3991° СГШ; 18.8184° ИГД / 42.3991; 18.8184
Географија
Ловќен на карта

Карта

МестоЦрна Гора

Планинските предели се карпести, со бројни пукнатини, јами и длабоки депресии кои им даваат на пејзажите специфичен изглед. Ловќен се наоѓа на границата меѓу две сосема различни природни целини, морето и копното, и е под влијание на двата климатски типа. Специфичната поврзаност на условите за живот придонела за развој на различни биосистеми. Постојат 1.158 растителни видови на Ловќен, од кои четири се ендемски.

Национален парк уреди

Националниот парк ги опфаќа централниот и највисокиот дел на планинскиот масив и зафаќа површина од 62,20 км2. Прогласен е за национален парк во 1952 година. Покрај природните убавини, Ловќен има богато историско, културно и архитектонско наследство кое е заштитено и се наоѓа во националниот парк.

Областа има многу елементи на националната изградба. Автентични се старите куќи и селските гумна, како и летните населби на сточарите. Особено архитектонско наследство е патот, по нагорнината од Котор до селото Његуши, родното место на црногорското кралско семејство, и дом на династијата Петровиќ-Његош.

Мавзолеј уреди

Најголемиот и најзначаен споменик на Ловќен е мавзолејот на Петар Петровиќ - Његош. Местото на неговиот гроб и мавзолејот на врвот на Езерски Врв бил избран од страна на самиот Његош како негова последна желба.

Ловќен како тема во уметноста уреди

Галерија уреди

Наводи уреди

  1. Бранко Миљковиќ, Избор. Скопје: Мисла, култура, Македонска книга, 1988, стр. 26.

Литература уреди

  • Мала енциклопедија Просвета (3. изд.). Белград: Просвета. 1985. ISBN 978-86-07-00001-2.
  • Марковић, Јован Ђ. (1990). Енциклопедијски географски лексикон Југославије. Сараево: Свјетлост. ISBN 978-86-01-02651-3.

Надворешни врски уреди