Килибар, ќелибар или јантар претставува тврда кристализирана фосилна смола од растително потекло, најчесто со жолта боја. Килибарот се користи како состојка во парфеми, за лекување во народната медицина и за изработка на накит. Постојат пет класи на килибар дефинирани врз основа на нивните хемиски составни делови.

Приврзоци направени од килибар. Овалниот приврзок има димензии 52х32 mm.