Знаме на Сахарската Арапска Демократска Република

Знамето на Сахарската Арапска Демократска Република е комбинација на пан-арапските бои и симболи поврзани со исламот. Знамето било усвоено на 27 февруари 1976 и било делумно изменето во јуни 1991. Најголемиот дел од регионот над кој полага право САДР, Западна Сахара е управуван од Мароко, па така националното знаме на Мароко може да се види во најголемиот дел од Западна Сахара.


Знаме на {{{Name}}}
[[file:|border|300x150px|alt=}}]]
Знаме на Западна Сахара.
Шпанската глумица Вероника Форке го вее знамето на САДР.

Составување на знамето уреди

Официјален лист за составување на знамето на САДР бил издаден од страна на владата на САДР во јуни 1987. Соодносот на знамето е 1:2 и должината на црвениот триаголник е една третина од целото знаме. Реверс страната на знамето не ги содржи ѕвездата и полумесечината на белата лента.[1]

Извори уреди

  1. Од документ издаден од секторот за протокол на канцеларијата на Претседателот на републиката во јуни 1987.

Надворешни врски уреди