Канцелар: Разлика помеѓу преработките

[непроверена преработка][непроверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
с Бот додава Шаблон: Без извори
с Бот: козметички промени
Ред 3:
'''Канцелар''' ([[латински]]: cancellarius) е официјална [[титула]] користена од повеќето народи чија [[цивилизација]] се издигнала директно или индиректно од [[Римско царство|Римското царство]]. Во различни периоди и во различни земји, поимот означувал разни должности и бил носен од [[офицер]]и со разни ранкови. Многу [[влада|влади]] имаат канцелар кој служи како некој вид на министер. Во разни влади, канцеларот има различна функција. Оригиналните канцелари биле оние во римските судови на правда - функционери кои седеле на „''канцелите''“ во [[базилика]] или судница, коишто ги одделувале судијата и поротата од гледачите.
 
== Австрија ==
 
Канцеларот на [[Австрија]] (Bundeskanzler, Бундесканцелар) е титулата на претседателот на владата на Австрија. Во австриската политика, позицијата на какцеларот е речиси иста како онаа на [[премиер]]от.
 
== Бразил ==
 
Канцеларот на [[Бразил]] е министерот за надворешни работи, чија канцеларија се наоѓа во палатата на министерството за надворешни работи.
 
== Кина ==
 
Канцелар на [[Кина]] бил втор највисок ранк по Царот на Кина.
 
== Колумбија ==
 
Во [[Колумбија]], канцеларот е министер за надворешни работи.
 
== Данска ==
 
Титулата канцелар (или кралски канцелар) веројатно се појавила во 12 век во [[Данска]] и до [[1660]] ја означувала титулата глава на државната администрација (којашто често се занимавала со надворешна политика). Често изгледало како канцеларот да е вистинскиот претседател на владата. Од [[1660]] до [[1848]] титулата продолжила како „Голем канцелар“ или „претседател на данското канцеларство“ и била заменета со титулата „министер за внатрешни работи“.
 
== Египет ==
 
Постоеле две [[Египет|древноегипетски]] титули коишто можат да се преведат како канцелар. Првата е титулата на човекот со функцијата на удирање печати (xtmtj-bity или xtmw-bity), титула од Првата династија (околу 3000 г.п.н.е.). Меѓу другите со оваа титула се и [[Имхотеп]] и [[Хемака]].
Ред 31:
Првата титула означувала ранк во кралскиот суд, а втората била одговорна за државните приходи. Оваа позиција се појавила околу 2000 п.н.е.)
 
== Естонија ==
 
Во [[Естонија]], канцеларот на правдата (Õiguskantsler или Allar Jõks) ја надгледува легалноста на работата на владата и спроведувањето на основните граѓански слободи.
 
== Финска ==
 
Во [[Финска]] канцеларот за правда (Oikeuskansleri, Justitiekanslern) ја надгледува легалноста на работата на владата и спроведувањето на основните граѓански слободи. За оваа посебна функција, канцеларот исто така седи во финскиот кабинет, Финскиот државен совет.
 
== Франција ==
 
Со векови [[крал]]от на [[Франција]] назначувал канцелар (Chancelier de France, канцелар на Франција, Голем гралски офицер), како титула со функција чувар на печатите. Канцеларот бил одговорен и за некои судски постапки. За време на владеењето на [[Луј XVIII]], [[Шарл X]] и [[Луј Филип]], канцеларот на Франција бил претседател на Комората на перови, горниот дом и кралскиот француски парламент.
 
== Германија ==
 
Како и во Австрија, канцеларот на [[Германија]] (Bundeskanzler, Бундесканцелар; женска форма - Bundeskanzlerin) е титулата на претседателот на владата на Германија. Во германската политика, позицијата на канцеларот е речиси иста со онаа на премиерот и е бирана од [[Бундестаг]]от (германскиот парламент) на секои четири години.
 
По обединувањето на Германија, во [[1871]] година, канцеларот на царството (Reichskanzler) служел не само како претседател на владата, туку и како претседател на [[Бундесрат]]от, горниот дом на германскиот царски парламент. По оставката на царот [[Вилхелм II ]] во [[1918]], германскиот канцелар повеќе не претседателствувал со горниот дом, но бил претседател на владата на републиката.
 
[[Адолф Хитлер]] бил назначен за канцелар во [[1933]] од страна на претседателот [[Паул фон Хинденбург|Хинденбург]]. На [[23 март]], [[1933]], по [[пожарот во Рајхстагот]], парламентот го одобрил „[[Овластувачки акт|овластувачкиот акт]]“ којшто му дал на Хитлер легално право да донесува закони без одобрение и знаење на парламентот: станал легален диктатор. Хитлер бил канцелар и претседател на Германија и се викал [[Фирер]] и Рајхканцелар (Führer und Reichskanzler, лидер и царски канцелар) по смртта на Хинденбург во [[1934]].
Ред 53:
По поразот на [[Нацистичка Германија]] и создавањето на новата федерална република во [[1949]], канцеларството ја сменило улогата во онаа диктирана од основните закони. Се разликува од канцеларството на [[Вајмарска Република|Вајмарска Германија]] главно во тоа што не се назначува од претседателот, туку преку мнозинство во парламентарно гласање.
 
== Литванија ==
 
Види кај Полска подолу.
 
== Јапонија ==
 
Даижо Даижин (太政大臣) или канцелар на кралството бил претседателот на Даижо-кан или стејт департментот (нешто како министерство за надворешни работи) во Хејанска [[Јапонија]] и мал период за време на уставот Меиџи.
 
== Малезија ==
 
Во [[Малезија]], позицијата на канцелар ја добиваат кралски благородници или докажани политичари од [[универзитет]]ите за да ги претставуваат универзитетите во политичката арена. Неодамна, универзитетот УЦСИ од [[Куала Лумпур]] го назначила Др. Абдул Рахман Аршад за свој прв канцелар.
 
== Полска ==
 
Во [[Кралство Полска|Кралството Полска]] од 14 век имало кралски канцелар. Во [[Полско-Литванска република|Полско-Литванската република]] ([[1569]]-[[1795]]), четирите канцелари биле меѓу десетте највисоки функционери во државата. [[Полска]] и [[Литванија]] имале посебен главен канцелар и заменик канцелар, секој назначен за [[сенатор]], одговорен за работата во целото кралство, секој со своја канцеларија.
 
== Русија ==
 
Во [[Царство Русија|Руското Царство]], канцеларот бил со највисок ранк за граѓанска служба, на исто ниво како [[маршал]] и генерал-адмирал. Само најистакнатите владини функционери биле унапредени до овој ранк, како што биле министрите за надворешни работи Александар Горчаков и Алексеј Петрович Бестужев-Румин.
 
== Шпанија ==
 
Шпанскиот збор „''кансиљер''“ (canciller) е соодветен збор за канцелар. Но во [[Шпанија]] овој израз се однесува на граѓански службеник одговорен за технички проблеми во врска со надворешните работи. Канцеларите работат во амбасадите и козулатите на Шпанија. Во другите земји каде што се зборува на [[шпански]] се користи изразот кансиљер за министер за надворешни работи.
 
== Шведска ==
 
Во [[Шведска]], канцеларот за правда (Justitiekanslern) е главен солиситор на шведската влада. Оваа титула започнала со кралот [[Карл XII|Карл XII Шведски]] во [[1713]]. Исто така постоел и висок канцелар (Rikskansler) како највисок член на судот на Шведска. Покрај ова, постои и универзитетски канцелар (Universitetskansler), кој е главен на Националната агенција за вишо образование.
 
== Швајцарија ==
 
Во [[Швајцарија]], федерален канцелар (Bundeskanzler, Chancelier fédéral, Cancelliere della Confederazione) се бира од швајцарскиот парламент. Тој е главен на федералното канцеларство, главата на седумчлениот федерален извршен суд, односно на швајцарската влада. Канцеларот учествува во сите собири на седумте федерални советници и ги припрема извештаите за полисата и активностите на советот на парламентот. Канцеларството е одговорно за донесувањето на сите федерални закони.
 
== Обединето Кралство ==
 
Во [[Обединето Кралство|Обединетото Кралство]], неколку министри држат места коишто во името го содржат зборот канцелар.
Ред 97:
* Канцелар на Војводството Ланкастер, исто така древна титула. Одговорен е за Војводството Ланкастер, англиско војводство коешто припаѓа на кралството, но историски останало одвоено од остатокот од кралството.
 
== САД ==
 
Во [[САД]], единствениот канцелар наименуван од федералната влада е канцеларот на Смитстонскиот Институт, незначајна функција држена од шефот на правдата на САД.
 
[[Категорија:Канцелари]]