Индиска книжевност: Разлика помеѓу преработките

[непроверена преработка][непроверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
с Бот Додава: arz:الأدب الهندى
с Бот: козметички промени
Ред 29:
Посебен литературен вид, особено негуван во Индија, се [[Басна|басните]] и приказните со морални и религиозни параболи и [[поука|поуки]]. Најпознати дела од ваков вид се ''[[Панчатантра]]'' (''Пет поглавја'') и ''[[Хитопадеса]]'' (''Книга со корисни совети''). Од овие зборници, преку класичната [[Грчка литература|грчка]], а подоцна и [[арапска литература]], многу мотиви преминале во приказните на [[Европа|европските]] народи. Констатирано е дека во [[езоп]]овите басни, во средновековниот ''[[Геста романорум]]'', во [[Џовани Бокачо|бокачовиот]] ''[[Декамерон]]'', па се до [[Лафонтен]], [[Браќа Грим|Браќата Грим]] и [[Вук Караџиќ]], одделни мотиви се црпени од Панчатантра.
 
Има многубројни приказни во ''[[Илјада и една ноќ]]'' кои се со потекло од Индија. Многу се значајни и прочуените правни споменици ''[[Дхарма-састра]]'', прописи за церемониите и [[Касти|кастовите]] обичаи, ''[[Мануов законик|Мануовиот законик]]'' и ''[[Артха-састра]]'', кој учи како кралевите треба да управуваат, односно некој вид на индиски [[Макијавели]].
 
== Литература на јазикот [[Хинди јазик|хинди]] ==
Ред 51:
== Литература на јазикот [[Маратхи јазик|маратхи]] ==
 
Оваа литература се пишувала во западниот дел на Индија, каде и се зборува маратхи јазикот. [[Инандава]] дал значаен коментар за ''[[Бхагавадгита]]'', дел од "Махабхарата" во кој богот [[Кришна]] дава божествена санкција: да се употреби насилство во уништувањето на злото. Од низа на поети и реформатори, најпознат е [[Тукарам]]. Одредени делови од историјата на овие области на Индија се опишани во баладите или [[проповед]]ите.
 
Основите на модерната проза ја наложиле есеистите од XIX век, пишувајќи за општествените и политичките реформи. Меѓу најпознатите есеисти треба да се споменат [[Чипланкара]], [[Агаркара]], [[Ранадеа]] и [[Тилака]], додека романи со општествени мотиви пишувал [[Хари Нарајан Апте]].