Икона: Разлика помеѓу преработките

[непроверена преработка][непроверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
с Бот додава Шаблон: Без извори
с Бот: козметички промени
Ред 2:
{{Внимание}}
 
== Вовед ==
 
Икона (од грчки εἰκών, eikon, "претстава") е слика; таа е знак или симболична сличност која постои како резултат на значењето или претставата на еден објект/субјект, или само аналогно, како во семиологијата; во информатиката, икона е симбол кој се употребува кај компјутерите кои имаат графички интерфејс - се наоѓа на мониторот, и заменува некоја команда. Понатаму, зборот икона се користи и во поп-културата, како замена за зборот симбол - т.е. име, лик, слика или дури и човек кој има препознатливо значење и е отелотворување на определени квалитети.
Ред 18:
Македонската збирка на икони, особено Охридската е една од највредните во светот, денес. После Синајската и Московската збирка икони, таа е трета по значење во Православието. Од византолошки апект, е единствена.
 
== Иконите во Христијанството ==
 
При разгледувањето на иконите во рамките на Христијанството првенствено мора да се има на ум дека Христијанството е старозаветна религија (значи, потекнува од [[Јудаизам|Јудаизмот]]), создадена во време кога во Јудаизмот постоела голема загриженост околу [[идолопоклонство|идолопоклонството]]. При тоа, не постои никакво сведоштво за правење или користење на насликани икони од страна на Христијаните во [[Нов Завет|Новиот Завет]]. Како и да е, поради непостоењето на никаков запис не може да се рече дека тоа само по себе е доволно како аргумент против употребата на иконите. Напротив, како што вели [[Апостол Јован]], „И многу други чудеса изврши Исус пред учениците Свои, што не се запишани во оваа книга“ ([[Јов 20:30]]). Уште повеќе, логично е да се заклучи дека и самите апостоли сториле или кажале многу повеќе нешта, отколку што е запишано во Библијата, што од своја страна говори дека ние ги немаме во целост учењата, активностите и говорите на светите Апостоли.
Ред 24:
Иако зборот eikon е забележан во Новиот Завет, ја нема конотацијата која денешните православни верници ја имаат. Сепак, од друга страна, многубројните [[катакомби]] и катакомбни Цркви од ранохристијанскиот период изобилуваат со голем број на насликани икони.
 
== Иконите во ранохристијанскиот период ==
 
После признавањето на Христијанството во [[Римско Царство|Римското Царство]] за време на владеењето на св.Константин ([[Прв вселенски собор|Соборот во Никеја]]), и неговото прифаќање како официјална државна религија за време на [[Теодосиј I]], христијанската уметност почнала да се менува. Оаа промена е резултат пред сè на слободата која Христијаните ја добиле во однос на изразувањето и декларирањето на нивната религија. Тогаш и за прв пат се појавиле сликите на мачениците, а со нив почнала да се шири и критиката за идолопоклоничката и [[поганизам|паганска]] позадина која тие (наводно) ја имале.[[СликаПодатотека:Evangelist_Luka.jpg|рамка|[[Апостол Лука]] ја црта иконата на Пресвета [[Богородица Марија]]]] Од друга страна, бројни биле и поборниците за употребата на иконите, посочувајќи примери кога пророците од [[Стар Завет|Стариот Завет]] сонувале сонови во кои им се појавувале повеќе небесни фигури, вклучувајќи ја и визијата на [[Данаил]], кому Бог му се појавил како старец.
 
Во овој период, исто така, за прв пат се споменува и иконата на Пресвета [[Богородица Марија]]; како автор на оваа икона [[Теодор Лектор]] во неговата Историја на Црквата го посочува [[Апостол Лука]]. Бројот на икони чие авторство се припишува на овој Апостол во иднина ќе се зголеми.
Ред 53:
# контемплативна функција
# посредничка функција
<br />
 
Поради сите овие причини, иконите се сакаат, почитуваат и бакнуваат со наголема [[стравопочит]]. Познат е голем број на чудотворни икони, чија тајна останува неоткриена. Без разлика дали се насликани од светци, или пак поради силната вера на верникот, тие се едно од најсилните завети на богоносните отци.
Ред 122:
 
{{Религија-никулец}}
 
 
[[Категорија:Христијанска иконографија]]
Преземено од „https://mk.wikipedia.org/wiki/Икона