Зборник на Миладиновци: Разлика помеѓу преработките

[непроверена преработка][непроверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
с Бот додава Шаблон: Без извори
с Бот: козметички промени
Ред 12:
''Предговорот'' кон Зборникот на народни песни е приредувачки и толковен коментар кон неговите содржини. Приредувачкиот коментар, најпрвин, прецизно ги изложува податоците за соработувачкиот тим на кажувачките од една страна, и запишувачите, од друга. Наведени се имињата на кажувачките на македонските народни песни од кои се чуени најмногу песни (Деча Кавајова од Струга и Ѓурѓа Котева од [[Прилеп]]), а искажана им е благодарност и на [[Рајко Жинзифов]], кој ќе им помогне на браќата во запишувањето на народните песни од Македонија, како и на Васил Чолаков, со чие посредство ќе бидат вметнати седумдесет бугарски народни песни (согласно барањето на [[Ѓаково|ѓаковскиот]] бискуп). Константин го споменува изоставањето на Богослужбените слова и [[Нота|нотните]] записи на песните во изданието, кои ќе ги изработи третиот брат, првиот македонски [[музиколог]], [[Наум Миладинов]], чиешто неспоменување ќе му помогне да ја избегне трагичната судбина на своите двајца браќа. Во продолжение, Константин ги изложува [[правопис]]ните принципи на запишувањето, кои се во функција на изворниот [[изговор]] на чуените песни, што е особено значајно за огласувањето на македонската изворна народна реч во овој зборник на македонската преродба. Независно што македонската народна песна е далеку помногубројна, таа е насловно наведена под името "бугарска" и сосема независно од тоа што во своите писма од [[Русија]], Константин Миладинов забележува дека има намера да испечати ''македонски народни песни''. [[Фонетика|фонетски]] доследното бележење на песните и овозможи на македонската песна да се огласи во својата [[Акустика|акустичка]] самобитност.
 
== Надворешни врски ==
* [http://www.promacedonia.org/bugarash/bnpesni/index.htm "Бѫлгарски народни песни", Загреб, 1861 година, текст и фототипно преиздавање.] {{bg}}
* [http://www.gbiblsk.edu.mk/adm/images/zbornik.pdf „Зборникот“] {{mk}}
 
[[Категорија:Македонска литература]]