ЕЛЕМ: Разлика помеѓу преработките

[непроверена преработка][непроверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
с Бот менува: Image -> Податотека
с Бот: козметички промени
Ред 1:
{{Infobox_Company |
company_name = А.Д. Електрани на Македонија <br /> ЕЛЕМ |
company_logo = [[Податотека:ELEM logo.jpg|170п]]|
company_type = [[акционерско друштво]] |
Ред 21:
ЕЛЕМ е одговорен и за развојот на електроенергетскиот систем во Македонија во делот на производството на електрична енергија. Некои од планираните проекти на ЕЛЕМ се хидроцентралите Чебрен, Галиште, Бошков Мост, Света Петка и комбинираната гасна електрана во Скопје.
 
== Производни капацитети ==
=== Термоелектрани ===
Термоелектраните се доминантни во електроенергетскиот систем на Македонија. Најголем термо-капацитет е [[РЕК Битола]] со своите три блока Битола 1, 2 и 3, од по 225 MW. Тие покриваат 80% од производството на електрична енергија во нашата земја. Јагленот со просечна калоричност од 8.079 kJ/kg е основно гориво во РЕК Битола. Во составот на термо системот во Македонија припаѓа и [[РЕК Осломеј]] со инсталирана моќност на блокот од 125MW и нето просечно годишно производство од 400 GWh. Јагленот со просечна калоричност од 7.600 kJ/kg е основно гориво и во РЕК Осломеј.
Ред 29:
Покрај термоелектраните на јаглен, [[ТЕЦ Неготино]] е термоелектрана на мазут, со инсталиран капацитет од околу 250MW, но поради високата цена на мазутот се вклучува во работа само во вонредни случаи.
 
=== Хидроелектрани ===
Вкупната инсталираност на хидрокапацитетите изнесува 528,4 MW, односно 40% од вкупните капацитети на ЕЛЕМ. Во системот на ЕЛЕМ постојат седум хидроелектрани, од кои две проточни, [[ХЕ Равен|Равен]] и [[ХЕ Врбен|Врбен]], и пет акумулациони: [[ХЕ Вруток|Вруток]], [[ХЕ Шпилје|Шпилје]], [[ХЕ Глобочица|Глобочица]], [[ХЕ Тиквеш|Тиквеш]] и [[ХЕ Козјак|Козјак]]. Од вкупното производство на електрична енергија во АД ЕЛЕМ хидропроизводството обезбедува околу 17 %, и тоа пред сè за задоволување на дневните варијации на потрошувачката на електрична енергија и за обезбедување на системските услуги за регулација со што се постигнува поголема флексибилност и распoложивост на електроенергетскиот систем.
 
== Производство ==
 
Производството на ЕЛЕМ задоволува околу 96% од потребите за електрична енергија на Република Македонија.<ref>[http://www.elem.com.mk/mk/ElemDenes.asp ЕЛЕМ Денес]</ref> Остатокот се обезбедува главно од увоз. За производството во термоелектраните, ЕЛЕМ има неколку јагленокопи кои во целост ги задоволуваат нивните потреби од јаглен.
 
=== Електрична енергија ===
 
Вкупното производство на електрична енергија во 2008. година изнесувало 5615 GWh електрична енергија, од кои 4877 GWh (87%) од термоцентралите и 738 GWh (13%) од хидроцентралите. Малото учество во производството на хидроцентралите се должи на лошата хидролошка состојба во 2008.<ref>[http://www.elem.com.mk/images/photo/interen/Godisen%20izvestaj%202008.pdf Годишен извештај за Производство на електрична енергија на ЕЛЕМ]</ref>
 
=== Јагленокопи ===
Во 2008 година, за потребите на термоелектраните, од рудниците се ископани 7.746.170 тони јаглен. За потребите на ТЕЦ Битола од рудникот [[Суводол]] се ископани 6.376.643 t, а од рудникот Брод – Гнеотино оваа година се испорачани првите количини на јаглен од 127 536 [t]. Од овој рудник се планира од 2009 година да се ископуваат по 2.000.000 t или околу една третина од потребите на ТЕЦ Битола. За потребите на ТЕЦ Осломеј од рудникот Осломеј – Запад се ископани 936.278 t јаглен, а со отварањето на усекот во локалниот Стар рудник е овозможена испорака на 305.713 t.<ref>[http://www.elem.com.mk/images/photo/interen/Godisen%20izvestaj%202008.pdf Годишен извештај за Производство на електрична енергија на ЕЛЕМ]</ref>
 
 
== Организациона структура ==
<center>
{|width=70%
Ред 99:
</center>
 
== Надворешни врски ==
* [http://www.elem.com.mk/mk/Elem.asp ЕЛЕМ]
 
== Референци ==
{{reflist}}
 
Преземено од „https://mk.wikipedia.org/wiki/ЕЛЕМ