Тетовски дијалект: Разлика помеѓу преработките

[непроверена преработка][непроверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
с Бот менува: Image -> Податотека
с Бот: козметички промени
Ред 2:
'''Долнополошкиот''' или '''тетовски дијалект''' е [[Дијалекти на македонскиот јазик|дијалект на македонскиот јазик]]. Дијалектот спаѓа во групата на западни дијалекти од северното наречје. Долнополошкиот дијалект се зборува во тетовската околина, поточно во градот [[Тетово]], [[општина Јегуновце]], [[општина Брвеница]] со околните села. Дијалектот е сличен со горанскиот дијалект и со скопскоцрногорскиот дијалект. Главна карактеристика на дијалектот е зачестена употреба на предлогот у, замена на самогласката а со самогласката у и користење на -е како множински суфикс.
 
== Фонолошки карактеристики ==
* старото вокално '''л''' е заменето со групите '''у'''/ '''лу'''/ '''ла''': '''јаболко''' > '''јабука''' , '''солза''' > '''слуза''';
* употреба на самогласката '''а''' наместо '''е''': '''трева''' > '''трава''' ;
* употреба на '''ă''' наместо јерот: '''лаже''' > '''лăже''' ;
* употреба на '''у''' наместо црковномакедонското '''ОН''': '''пат''' > '''пут''' <ref>p.252,Makedonski jazik za srednoto obrazovanie- S.Bojkovska, D.Pandev, L.Minova-Ǵurkova, Ž.Cvetkovski- Prosvetno delo AD- Skopje 2001</ref>
 
== Морфолошки карактеристики ==
 
* употреба на суфиксот -'''мо''' за прво лице множина: '''одиме''' > '''одимо'''
* непчаното '''Ј''' пред буквата '''Е''' на почеток на збор: '''јазик''' > '''језик'''
* согласната група '''мн''' е заменета со согласната група '''мл''': '''многу''' > '''млогу'''
* употреба на предлогот '''у''':''' во град''' > '''у град''' <ref>p.252,Makedonski jazik za srednoto obrazovanie- S.Bojkovska, D.Pandev, L.Minova-Ǵurkova, Ž.Cvetkovski- Prosvetno delo AD- Skopje 2001</ref>
 
== Референци ==
{{reflist}}
 
{{Македонски дијалекти}}
 
[[Категорија:Дијалекти на македонскиот јазик]]