Димитар Башевски: Разлика помеѓу преработките

[непроверена преработка][непроверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
с Бот додава Шаблон: Без извори
с Бот: козметички промени
Ред 2:
'''Димитар Башевски''' е [[Македонци|македонски]] [[романсиер]], [[поет]] и [[преведувач]].
 
== Биографија ==
Димитар Башевски е роден во с. [[Ѓавато]], [[Битолско]] на [[27 јуни]] [[1943]] година. Завршил Филолошки факултет на Универзитетот во [[Скопје]]. Долги години работел како [[новинар]], уредник и постојан дописник на весникот „Нова Македонија“ од [[Атина]]. Бил директор и главен уредник на издавачката куќа „Култура“. Сега е главен уредник на издавачката куќа „Слово“. Претседател не Македонскиот ПЕН центар. Член на ДПМ од [[1969]] година. Автор е на книгите: Тугинец (роман, 1969), Враќање (роман, 1972), Раска (роман, 1974), Нема смрт додека ѕвони (роман, 1980), Една година од животот на Иван Плевнеш (роман, 1985), Куќата на животот (поезија, 1987), Сарајановскиот каранфил (роман, 1990), Дневникот на Ања (роман за деца, 1994), Привремен престој (поезија, 1995), Совладано време (поезија, 1998), Бунар (роман, 2001). Неговите дела се објавени во странство на англиски, чешки, романски, српски и албански. Застапуван во антологиите на македонската поезија и проза. Преведува од англиски. Добитник е на наградите „11 Октомври“, „Рациново признание“, „Ванчо Николески“ и „Печалбарска повелба“.