Анатомија: Разлика помеѓу преработките

[непроверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
с Бот Додава: bg:Анатомия
с Бот: козметички промени
Ред 7:
Анатомијата е комплексна наука и се состои од ''макроскопска анатомија'', ''микроскопска анатомија'' или [[хистологија]] и [[ембриологија]].
 
* Целта на проучување на ''макроскопската анатомија'' се деловите од организмот што се гледаат со голо око (на пример, органи итн.)
* Целта на проушување на ''микроскопската анатомија'' е структурата на организмот којашто не може на да се види под голо око, а со електронски или светлосен микроскоп (на пример, градба на [[Ткиво|ткивата]], мироскопска градба на органите итн.)
* Целта на ''ембриологијата'' е да ја проучи нормалната градба на организмот од зачнувањето до раѓањето - ''partus'')
 
Анатомијата се дели и на:
 
* ''Системска анатомија'' - ги проучува структурите на организмот организирани во [[Органски систем|системи]]
* ''Топографска анатомија'' - ја проучува положбата на структурите во организмот во однос на другите структури
* ''Клиничка анатомија'' - ја изучува специфичната градба на организмот за потребите на [[клиника]]та, најмногу на [[хирургија]]та
 
[[Научен метод|Методот]] којшто го користи анатомијата за истражување и изучување на градбата на организмот е [[дисекција]]та. Тоа е многу стар метод, којшто го воведува таткото на [[медицина]]та-[[Хипократ]]. Името означува режење, расечување, сечење. Преку дисекцијата се сечат и вадат [[орган]]и од организмот, којшто претходно се подготвува по специјални методи и се фиксира, така што на тој начин најдобро се учи и се увидува положбата на органите ([[Крвни садови|крвните садови]], [[нерв]]ите итн.) во организмот.