Ана Дурловски: Разлика помеѓу преработките

[непроверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
с Бот додава Шаблон: Без извори
с Бот: козметички промени
Ред 7:
Ана Дурловски е родена 1978 во Штип, Македонија. Од 1997 - 2001 студирала на Факултетот за музичка уметност во Скопје, во класата на проф. Биљана Јовановска Јакимовска.
 
Веќе неколку години, харизматичниот сопран Ана Дурловски го освојува светот. Со своите треперливи и возвишени линии и истенченото чувство за ритам, таа ги слика музичките стилови, сепак најповеќе користејќи го Моцарт како медицина за гласот. Сребреникавиот глас на Дурловски беше забележан уште на нејзиното деби во 2000 год. кога ја толкуваше Лучија ди Ламермур. Оттогаш, фокусираниот транспарентно светол тон на овој сопран, станува одбележје на белканто репертоарот во продукциите на Македонската опера. На оваа сцена, таа ги толкува и Дона Ана во Дон Џовани, Кралицата на ноќта во Волшебната флејта, Адела во Лилјакот, Џилда во Риголето, Розина во Севилски бербер и др.
 
Физичката убавина, драматичниот оган и лирскиот интензитет кои ги поседува Дурловски ја носат и нa сцените во оперските куќи во светот. Во 2001 год. таа започнува да ја украсува својата софистицирана вокална техника во Виена, во Камерното студио на КМС Оливера Милјаковиќ. Извонредната контрола на гласот во сите регистри, интонативно прецизниот тон, чувството за фраза, за напати придушената динамика, а на други места ослободена експресија му обезбедуваат на овој сопран соработка со оперските куќи од Виена, Берлин, Мајнц, Минхен, Загреб, Осиек, Сплит, Сараево, Софија, Букурешт, Белград, Тирана и други.