Синтетичка теорија на еволуцијата: Разлика помеѓу преработките

[непроверена преработка][непроверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Нова
 
Дополнување
Ред 24:
{{Цитат|Двојната специјализација на Добжански му овозможила прв да го премине тврдиот мост од кампот на експерименталните биолози до кампот на натуралистите.}}
Најпрво бил формулиран важниот концепт на ,,изолирачките механизми на еволуцијата‘‘ - меѓу кои се репродуктивните бариери кои го одделуваат генофондот на еден од генофондот на друг вид. Добжански навлегол во теориите на полузаборавената [[Харди-Вајнбергова рамнотежа]]. Тој исто така го внел во натуралистичкиот научен материјал и ,,ефектот на С. Рајт‘‘, според кој микрогеографските раси возникнуваат под дејство на случајни измени во [[Алелна фреквенција|генската фреквенција]] во малите изолати, односно по адаптивно-неутрален пат.
 
== Основни поставки на синтетичката теорија ==
 
Во 30-тите и 40-тите години од XX век постоела голема синтеза на генетиката и дарвинизмот. Генетичките идеи навлегле во систематиката, палеонтологијата, ембриологијата и биогеографијата. Поимот ,,модерна‘‘ или ,,еволуциона синтеза‘‘ произлегува од името на книгата на [[Џулијан Хаксли]] — ,,''Evolution: The Modern synthesis''‘‘ ([[1942]]). Изразот ,,синтетска теорија на еволуцијата‘‘ во смисла каква што се употребува денес, за прв пат се среќава во делата на [[Џорџ Симпсон]] од [[1949]] година.
 
Авторите на синтетичката теорија не се согласувале за многу основни проблеми и работеле во разни области на биологијата, но тие биле практично единствени во толкувањето на следните главни поставки на синтетичката теорија:
 
{{Цитат|
* Како основна единица на еволуцијата се смета локалната [[популација]];
* Материјал за еволуција се мутационата и рекомбинациската менливост;
* Природната селекција се смета за главна причина за развиток на [[Адаптација|адаптации]], [[специјација]] и потекло на надвидовите таксони;
* [[Генетски дрифт|Генетскиот дрифт]] и [[Основачки ефект|основачкиот ефект]] учествуваат во формирањето на неутралните својства;
* [[Вид]]от претставува систем на популации, репродуктивно изолирани од популациите на другите видови, при што секој вид е еколошки посебен;
* Специјацијата (видообразувањето) се јавува кога постојат генетски изолирачки механизми и се случува главно како резултат на географска изолација.}}
 
Вака дефинирана, синтетичката теорија на еволуцијата може да се окарактеризира како теорија на органската еволуција по пат на природна селекција на својствата кои се генетски детерминирани.
 
[[Категорија:Еволутивна биологија]]