Историја на Малави: Разлика помеѓу преработките

[непроверена преработка][непроверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Нема опис на уредувањето
Нема опис на уредувањето
Ред 2:
 
Во [[1891]] година [[Велика Британија]] го основала Протекторатот на [[Британска Централна Африка]], кој во [[1907]] година се преименувал во [[Њасаланд]]. Следувало период во кој народот во Малави на повеќе пати не успеал да ги истера британците од својата територија, проследено преку конфликти. Афричката елита, која се школувала главно во [[Европа]] и [[Америка]], во [[1944]] година основала ''Њасаланд Афрички Конгрес''. Британија во [[1953]] година го споила Њасаланд со Северна и Јужна [[Родезија]], создавајќи ја [[Јужноафриканска федерација|Јужноафриканската федерација]]. Во [[1958]] година лидер на Њасаланд Афрички Конгрес станал [[Хастингс Камузу Банда]]. Во [[1959]] година тој бил затворен поради своите политички активности, но веќе следната година бил пуштен од затвор, учествувајќи на конференцијата во [[Лондон]]. На [[15 април]] [[1961]] година партијата ги освоила изборите во законодавниот совет, добивајќи на тој начин контрола врз извршниот совет на Њасаланд. На втората уставна конференција во Лондон, која се одржала во [[1962]] година, британската влада на Њасаланд дала право на самоуправување. [[Хастингс Камузу Банда]] станал премиер на [[1 февруари]] [[1963]] година, додека пак британците сеуште ги контролирале финансиите, безбедноста и правниот систем во земјата. Федерацијата помеѓу Родезија и Њасаланд престанала да постои на [[31 декември]] [[1963]] година, па така на [[6 јули]] [[1964]] година била прогласена независноста на земјата, под името Малави.
 
По две години Малави освоил нов устав со кој бил воведен еднопартиски систем. Хастингс Камузу Банда станал првиот претседател во 1970 година. Во следната 1971 година тој бил прогласен за доживотен претседател на земјата. Но под притисок на меѓународната заедница, на 14 јуни 1993 година во земјата се одржал референдум според кој бил воведен повеќепартиски систем. На првите слободни избори на 17 мај 1994 година победил Бекили Мулузи, лидер на Обединетиот Демократски фронт, кој формирал влада заедно со Сојузот на Демократи. Коалицијата била распуштена во 1996 година, но нејзините членови останале во владата. На изборите во 2004 гофина победил кандидатот на ОДФ.