Историја на Египет: Разлика помеѓу преработките

[непроверена преработка][непроверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Ред 28:
Персиското освојување на Египет се случило во [[618]] година. Иако императорот [[Ираклиј]] успеал да ги прогони Персијците во [[629]] година, сепак следниот напад не бил доволен да се зачува земјата. Во периодот од [[623]]-[[642]] година, Египет бил освоен од страна на [[Арапи|Арапите]], кои го донеле [[ислам|исламот]] и [[арапски јазик|арапскиот јазик]]. Со земјата во почетокот владееле намесниците на калифите. Во текот на [[9 век]], силата на [[Абасиди|Адасидите]] од [[Багдат]] ослабнала, па земјата била раководена од страна на [[династија Тулунида]] ([[868]]—[[905]]) и [[династија Ихшидида]] ([[935]]—[[969]]). Во [[969]] година Египет бил освоен од страна на [[Фатимиди|династијата на Фатимидите]], кои биле [[шиити]]. Градот [[Каиро]] станал пресолнина на нивната земја во [[973]] година. Во [[1099]] година, во текот на [[прва крстоносна војна|првата крстоносна војна]] паднал градот [[Ерусалим]] во рацете на христијаните. Владетелот на фатимидите, [[Саладин]], во [[1168]] година ги започнал своите војни против крстоносците. Не само што постигнал големи успеси против христијанската војска, туку Саладин го симнал од власт на последниот фатимидски владетел, повторно го воведел сунитскиот ислам и се прогласил за султан во [[1175]] година. Во следните векови, Египет бил на неколку пати напаѓан од страна на крстоносците, но безуспешно. Во [[1250]] година власта преминала во рацете на [[Мамлуци|Мамлуците]], кои во [[1277]] година ја зазеле [[Арка]] истерувајќи ги крстоносците од [[Света Земја|Светата Земја]].
 
== Османлиско и британско владеење ==
 
Египет под власта на Османлиската империја се нашол во 1517 година, во времето на Селим II. Значењето на Египет за Отоманците било економско и стратешко. Приходите од порезот на земјата, царината за морските и речните патишта биле користени за финансирање на војската. Градот Каиро станал голем центар во рамките на империјата. Во текот на 18 век, Египет започнал со своите акции за добивање на автономија. Во 1798 година земјата била заземена од страна на Наполеопн Бонапарта. Сепак, Французите се повлекле во 1801 година. Во 1854 година Франција добила концесија за изградба на Суецкиот канал, отворен во 1869 година. Поради големите трошоци, египетскиот кедив бил принуден каналот да го продаде на Обединетото Кралство. Поради големото незадоволство, во 1879 година на чело со Ахмед Ураби, било формирано првото национално движење. Во 1882 година тој станал претседатењл на владата. Плашејќи се од губењето на контролата на каналот, Франција и Обединетото Кралство извршиле воена интервенција врз египетската војска. По Првата светска војна, Османлиите конечно биле поразени и Британија добила голема контрола над земјата. По војната продолжиле конфликти за независност на земјата, која ја добила во 1922 година на чие чело застанал кралот Фуада II. Во 1936 година бил постигнат договор помеѓу Британија и Египет според кој британските трупи го контролирале само Суецкиот канал во земјата. На почетокот на Втората светска војна, Египет повторно станал протекторат на Велика Британија.