Историја на Египет: Разлика помеѓу преработките

[непроверена преработка][непроверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Нема опис на уредувањето
Ред 17:
 
== Римско владеење==
 
Римското владеење на Ефипет започнало во 30 п.н.е. година, каде последната кралица Клеопатра извршила самоубиство како последен владетел од династијата на Птоломеите. Првиот римски император, Октавијан Август, Египет го престроил во посебна провинција со кој управувал префект лично поставен од императорот, додека пак членовите на сенаторскиот сталеж им бил забранет влез во земјата без претходно одобрување. Во времето на римското владеење, Египет била најбогатата провинција од сите останати римски провинции. Освојувањето на Египет по текот на Црвено море се случило во времето на Клаудиј (41—54), додека пак Адријан (117—138) го посетил Египет на два пати. По кризата во 3 век, Египет за мал период станал дел од Зенобиската империја, но во 298 година Диоклецијан го вратил Египет и го поделил на три провинции. По разрушувањето на Ерусалим во 70 година, градот Александрија станал еден од најголемите едукативни еврејски центри во дијаспората. Од 2 век, Александрија станала и важен христијански центар, каде според легендата и евангелието, била основана епископијата од страна на Свети Марко. Најзначајни александриски теолози од тоа време се Климент Александриски, Ориген и други. По 324 година, кога Константин Велики го обединил царството под своја контрола, завршило и прогонувањето на христијанските верници.
 
== Византиско владеење==