Историја на Египет: Разлика помеѓу преработките

[непроверена преработка][непроверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Нема опис на уредувањето
Нема опис на уредувањето
Ред 1:
== Праисторија ==
 
[[Стар Египет|Древниот Египет]] претставува многувековна [[држава]], која се наоѓала во [[североисточна Африка]], по долниот тек на [[река]]та [[Нил]]. Се смета дека во [[Египет]] имало населување на човекот дури пред 250 000 години. Во текот на [[4000 година п.н.е.]] од многу мали територијални единици – [[номи]], биле создадени две големи империи - [[Горен Египет|Горен]] и [[Долен Египет]] со главни градови [[Ераконопол]] и [[Буто]]. Успехот за создавањето и обединувањето на државата се припишува на управникот на [[Горен Египет]] - [[Менес]]. Во времето на неговото владеење ([[3100 п.н.е.]]), главен град станал [[Мемфис]], кој се наоѓал во јужниот дел на [[река|реката]] [[Нил]]. Првите споменици, кои се напишани со египетски [[хиероглифи]] се однесуваат кон крајот на четвртото и почетокот на третото ијладалетие п.н.е.
 
 
== Антички Египет ==
 
Во периодот помеѓу 28 век п.н.е. - 23 век п. н. е. се формирала т.н. древно-египетската цивилизација. Единството на древниот Египет се однесувало во господарството на [[фараон|фараонот]] кој имал неограничена власт низ целата држава. [[Фараон|Фараонот]] бил глава на митот кон сите богови во древниот Египет при што и самиот тој бил сметан за [[бог]]. Тоа тврдење најмногу доаѓа до израз при градењето на [[Пирамиди во Гиза|пирамидите]] за кои се смета дека всушност биле гробници на [[фараон|фараоните]] како [[Џосер]], [[Снофер]], [[Кеопс]] (Хуфу), [[Кефрен]] (Хафра) и [[Микерин]] (Менкаур). Исто така многу нараснал и култот кон богот на сонцето [[Амон Ра]], а фараоните се нарекувале дека се негови синови.