Свети Кирил: Разлика помеѓу преработките

[непроверена преработка][непроверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Нема опис на уредувањето
с Отстрането уредувањето на 78.128.17.7 (разговор), вратено на последната верзија на Robbot
Ред 21:
По завршувањето на студиите на Цариградскиот универзитет во 847 година, Консатнтин бил задржан на служба во Цариград. Станал библиотекар на Цариградската патријаршија, извршувајќи ја истовремено и функцијата секретар на патријархот. Меѓутоа библиотекарско-секретарската должност не му лежела на срце на младиот филозоф Константин. Уште во 847 година тој ја напуштил должноста библиотекар и се засолнил во еден од манастирите близу Цариград. Меѓутоа, византискиот царски двор не сакал да се лиши од услугите на Константина. Тој бил наговорен да се прифати за професор по филозофија на Цариградскиот универзитет. Константин со задоволство ја прифатил професорската служба, зашто своите сестрани знаења можел да ги пренесува на своите студенти. Истовремено можел почесто да дискутира по многу научни прашања со Лав Филозоф, Фотиј и другите учени луѓе. За кратко време Константин стекнал голема популарност кај своите студенти и цариградската учена средина. Нему му бил доделен епитетот „Филозоф“ и станал познат како Константин Филозоф. Наскоро византискиот царски двор почнал да го ангажира и во извршувањето на важни државни мисии.
 
Првата мисија на Константин Филозоф била извршена меѓу Словените коиво живееле по текот на реката БрегалницаМакедонија во првата половина на IX век. Во науката таа е позната како Брегалничка мисија, зошто главно се одвивала меѓу Словените кои живееле по текот на реката Брегалница. Тие биле дел од племето Струмјани што тогаш ги управувал Методиј. Константин Филозоф како мисионер требало да го помогне својот постар брат во придобивањето на немирните Струмјани на висантиска страна во борба против агресивните Бугари. Повеќегодишната мисионерска дејност на Константин Филозоф меѓу словените по текот на Брегалница била крунисана во 855 година со создавањето на словенската азбука - глаголицата. Ова епохално откритие Константин го постигнал со помошта на својот брат Методиј. Создадената словенска азбука, која најпрво била наменета за словените во МоравијаМакедонија, се состоела од 38 букви, од кои, како што запишал Црноризец Храбар, „едни биле составени по образец на грчките букви, а други пак според словенскиот збор“. Во почетокот генијалниот филолог Константин создал 32 букви, а потоа придодал уште 6. Уште додека дејствувал меѓу словенитеСловените по Брегалница, а особено градот Равен, кој исто така лежел на ова река, според податоци од зачуваните читија Константин Филозоф покрстил 54000 непокрстени Словени, а исто така им напишал и книги на словенски јазик.
 
На тој начин во овој дел на Македонија Константин Филозоф заедно со својот брат Методиј ги поставиле темелите на словенската За животот и дејноста на словенските просветители најголем број податоци добиваме од делата [[Панонски легенди]], Климентовото житие од Теофилакт, Климентовото житие од Хоматијан, [[О'писменех]] од Црноризец Храбар.
 
==Види исто така==