Историја на Етиопија: Разлика помеѓу преработките

[непроверена преработка][непроверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Нема опис на уредувањето
Нема опис на уредувањето
Ред 1:
{{Историја на Етиопија}}
Првата позната империја која што била на територтијата на денешна [[Етиопија]] е [[Кралство Аксум]], која во [[1 век]] била една од најразвиените трговски и поморски сили на [[Црвено море]]. Мнозинство од населението во текот на [[3 век]] го прифатила [[христијанство|христијанството]]. Во текот на [[6 век]] земјата го контролирала и јужниот дел од [[Арапски полуостров|Арапскиот полуостров]]. Со ширењето на [[ислам|исламот]] во [[7 век]], важноста на кралството се намалила, најмногу поради арапското освојување на бреговите на Црвено море, кое придонело до отсекување од морскиот пат на земјата. Сепак, земјата не била освоена од Арапите. Во текот на [[14 век]] и [[15 век]], Етиопија успеала да ја одржи својата граница и покрај честите напади на нејзините муслимански соседи. Но веќе во [[16 век]], по неколкуте пораза кои ги доживеала, нејзиниот опстанок бил доведен во прашање. Во тој период, [[Португалија]] испратила помош и по неколкуте неуспеси на почетокот, во [[1543]] година муслиманската војска на [[Ахмад Гран]] била поразена.