Сојуз на комунистите на Југославија: Разлика помеѓу преработките

[непроверена преработка][непроверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
с Бот додава Шаблон: Без извори
с Бот Менува: zh:南斯拉夫共產主義者聯盟; козметички промени
Ред 1:
{{Без извори|датум=ноември 2009}}
[[СликаПодатотека:skjmace.gif|thumb|right|250px|Знамето на СКЈ на македонски]]
'''Сојузот на комунистите на Југославија''' ('''СКЈ''') (Комунистичка партија на Југославија до [[1952]]) беше владејачка партија во [[СФРЈ|СФР Југославија]], од [[1945]] до [[1990]] година. Нејзината идеолошка ориентација до отприлика [[1950]] беше [[сталинизам|сталинистичка]], а потоа [[титоизам|титоистичка]].
 
== КПЈ во периодот помеѓу двете светски војни ==
 
Основана е на Конгресот на обединувањето од [[20 април|20]] до [[23 април]] [[1919]] година на конгресот во [[Белград]] како Социјалистичка работничка партија (комунисти). Во своите редови ги обедини речиси сите социјалдемократски партии и организации од земјите што во [[1918]] влегоа во состав на [[Кралство на Србите, Хрватите и Словенците|Кралството СХС]], освен хрватските десни социјалдемократи, предводени од [[Витомир Кораќ]] и Словенечката Југословенска социјалдемократска партија. За претседател на партијата е избран [[Филип Филиповиќ]].
Ред 13:
По забранувањето на партијата, настапува голема репресија за припадниците и симпатизерите на КПЈ. Кризата во Партијата уште повеќе се зголемува поради фракционерските борби и поради следењето на секташката политика на [[Коминтерна]]та која што значително се меша во внатрешните работи на сите комунистички партии, вклучително и на КПЈ. Воведувањето на [[диктатура]] во [[1929]] година уште повеќе ја зголеми репресијата врз комунистите во Југославија, а во [[Сталинови чистки|Сталиновите чистки]] настрада речиси целата раководна структура на КПЈ: [[Јосип Чижински]] (Милан Горкиќ), [[Филип Филиповиќ]], [[Владимир Ќопиќ]], [[Сима Марковиќ]], [[браќата Вујовиќ]], [[браќата Цвииќ]] и други. Сред чистките на чело на партијата во [[1937]] е поставен [[Јосип Броз Тито]].
 
== КПЈ во текот на Втората светска војна ==
 
По окупацијата на Југославија од страна на [[Силите на Оската]] и на нивните сојузници во април [[1941]] и по нападот на [[нацистичка Германија]] врз [[СССР]], КПЈ поведе вооружена борба против окупаторите, која наскоро се развива во народно востание против окупаторските сили под раководство на КПЈ. Окупаторските сили беа принудени да ангажираат голем број на војска во борбата против народно-ослободителната војска, но не можеа да го скршат отпорот. Веќе во втората половина на [[1944]] година се ослободени значителни делови од Југославија (вклучително и [[Република Македонија|Македонија]]), а до мај [[1945]] е ослободена целата земја.
 
== КПЈ (СКЈ) како владејачка партија ==
 
По ослободувањето на земјата, угледот на КПЈ е доста висок и на комунистите им беше лесно да ја зацврстат својата власт. Останатите политички партии пополека се потиснуваат и во земјата комунистите воведуваат еднопартиски систем. Во тоа време, од земјите од [[Источна Европа]] во кои подоцна дојдоа комунистички партии на власт, југословенските комунисти отидоа најдалеку во копирањето на советскиот модел.
Ред 23:
Во [[1948]] дојде до силен удар врз КПЈ. [[Информбиро]]то донесува резолуција со која КПЈ и неговото раководство остро се осудуваат поради [[национализам]] и [[троцкизам]]. Дотогашниот [[сталинизам|сталинист]] Тито се решава на непослушност кон [[Сталин]] и одбива да ја прифати Резолуцијата. Тоа доведува до прекин на односите на Југославија со СССР и со останатите комунистички партии. Првичните обиди од страна на југословенските комунисти за надминување на разликите завршуваат неуспешно, а тоа ги принудува да бараат свој пат во социјализам, кого подоцна го нарекуваат самоуправен социјализам, а е познат и како [[титоизам]].
 
== Дисиденти во југословенското комунистичко движење ==
 
[[Тоталитаризам|Тоталитарниот поредок]] што го воведоа југословенските комунисти беше помалку репресивен од останатите комунистички режими, но основната тоталитарна карактеристика на системот, непопустливост кон суштински различните гледишта, беше карактеристика и на комунистичка Југославија. Помеѓу [[дисидент]]ите во Југославија имаше и националисти и либерали, а од редовите на самото комунистичко движење најпознати дисиденти се:
 
* [[Андрија Хебранг]] и [[Сретен Жујовиќ]]. За време на Судирот со Информбирото значителен дел од тогашните членови на тогашната сталинистичка КПЈ, застана на страната на [[Сталин]], а не на Тито. Помеѓу нив, на најистакнати позиции, во самото раководство на Партијата, беа Хебранг и Жујовиќ.
 
* [[Милован Ѓилас]]. Во времето на либерализација на режимот и сред Судирот со Информбирото, Ѓилас, еден од најистакнатите фигури на новиот комунистички режим, излезе со став дека треба да се дозволат и други политички партии во Југославија. Неговите ставови беа осудени како „анархолиберализам“ и Ѓилас беше исклучен од Партијата, а подоцна беше и затворен.
 
* [[Александар Ранковиќ]]. Предводник на догматското крило на СКЈ и под сомнение дека акумулира преголема моќ во службите за безбедност, Ранковиќ во [[1966]] е исклучен од СКЈ.
 
* Протагонистите на „[[Хрватска пролет|Хрватската пролет]]“ и српските либерали. При натамошната либерализација на системот во втората половина на 60-тите, се зголеми бројот на критичари на власта. Власта во [[1971]]-[[1972]] се одлучува на контраакција, при што во [[Хрватска]] е задушена т.н. „Хрватска пролет“ (на чело со [[Савка Дапчевиќ – Кучар]] и [[Мика Трипало]]), а во [[Србија]] т.н. либерали ([[Латинка Перовиќ]], [[Марко Никезиќ]] и други). И во останатите републики од власта се тргнати одредени недогматски кадри, при што во Македонија настрадаа [[Славко Милосавлевски]], [[Крсте Црвенковски]] и други.
 
* [[Праксис школа]]та. Во [[1964]] група загрепски филозофи формира филозофско списание насловено „Праксис“, кое набрзо се стекнува со голем углед во светски рами како водечко списание за [[марксистички хуманизам]]. Неговите припадници се залагаа за [[социјализам]] и [[самоуправување]], односно за она за што се залагаше и власта, но нивното толкување на овие поими не им одговараше на власта и во [[1974]] година, на списанието му беше оневозможено да излегува а некои од неговите соработници останаа без работа. Помеѓу попознатите „праксисовци“ се: [[Гајо Петровиќ]], [[Михаило Марковиќ]], [[Предраг Враницки]], [[Милан Кангрга]], [[Данко Грлиќ]] и други.
 
== Крајот на СКЈ ==
 
По смртта на Тито во [[1980]], состојбата во Југославија се влошува и комунистите сè повеќе ја губат власта во земјата. Кон крајот на [[1989]] СКЈ поради развојот на настаните во светски рамки и поради внатрешни притисоци делумно го легализира [[политички плурализам|политичкиот плурализам]] Финалето следува наскоро. Во тмурна и мачна атмосфера, започна 14.(Вонреден) Конгрес на Сојузот на комунистите на Југославија. Најизразен беше судирот меѓу српската и словенечката делегација. На третиот ден од од одржувањето (22.1.1990), словенечките делегати го напуштија конгресот, а малку подоцна истото на направија и делегациите од Хрватска, Македонија и Босна и Херцеговина. Конгресот веќе некогаш не беше завршен, а единствената партија практично беше дезинтегрирана. Наредните месеци започнаа да се одржуваат првите повеќепартиски избори низ републиките. На тие избори, реформираните комунистички партии ја губат власта во Хрватска, БиХ и Македонија, а победуваат во Србија, Црна Гора и Словенија. Веќе се чувствува голема опасност од распад на земјата. Во [[1991]] тоа и се случува. Републичките филијали на СКЈ, ја менуваат идеолошката ориентација и, под различно име, продолжуваат да постојат, некои и задржувајќи ја власта во новосоздадените држави. Таков е случајот и со [[Сојуз на комунистите на Македонија|Сојузот на комунистите на Македонија]], која во 1991 се трансформира во [[Социјалдемократски сојуз на Македонија]] и како таков повеќе години беше на власт во [[Република Македонија]].
Ред 66:
[[sr:Савез комуниста Југославије]]
[[sv:Jugoslaviens kommunistparti]]
[[zh:南斯拉夫共產主義者聯盟]]