Римска религија: Разлика помеѓу преработките

[непроверена преработка][непроверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
с Бот додава Шаблон: Без извори
с Бот Менува: hu:Római vallás; козметички промени
Ред 6:
Најпосле, [[христијанство]]то го заменило постариот пантеон како [[државна религија]] на Рим, и римската религија избледела, иако многу аспекти од нејзината хиерархија останале во христијанскиот ритуал и во [[Западен свет|западните]] традиции.
 
== Раноримски култ ==
 
Римската култура и религија се развиле во контест на [[Етрурска митологија|етрурската митологија]]. Архаичната римска „[[митологија]]“, барем што се однесува до боговите, не била сочинета од приказни, туку од комплексна корелација помеќу боговите и луѓето. За разлика од [[Грчка митологија|грчката митологија]] боговите не биле персонифицирани. Римјаните исто така верувале дека секој човек, место или нешто има свој [[Гениј (митологија)|гениј]] (како домашните духови или „[[Ларес Фамилијарес]]“ кои биле семејни духови-заштитници). Затоа, раноримскиот култ може да се каже дека бил колку ''полидемонизам'' толку и [[политеизам]].
Ред 18:
По облик, ритуалите се состоеле главно од [[либација|либации]] и [[жртвување|жртвувања]], од кои најраскошните биле [[Суоветаурилии]]те.
 
== Религијата за време на Римската република ==
 
За време на [[Римска република|Римската република]], постоел строг систем на свештенички функции под водство на [[Колегијат на Понтифи|Колегијатот на Понтифите]], на чие чело стоел [[Понтифекс максимус]] кој бил главата на религијата. [[Фламен]]ите се грижеле за култовите кон разните богови, додека [[авгур]]ите биле оние кои ги гледале [[предзнак|предзнаците]]. [[Жртвен крал|Жртвениот крал]], (''rex sacrorum'') ја играл религиозната улога која порано ја имале кралевите.
Ред 26:
Пренесувањето на антропоморфните особини од грчките на римските богови, и распространетоста на грчката философија меѓу образуваните римјани, донеле сè поголемо запоставување на старите обичаи. Во [[1 век п.н.е.]] религиозната важност на старите свештенички функции рапидно се намалила, иако нивното граѓанско и политичко значење останало големо. Римската религија за време на царството имала тенденција да се концентрира на царската власт; неколку императори биле зодигнати до степен на божество по нивната смрт.
 
== Промени за време на Римското царство ==
 
За време на [[Римско царство|царството]] религијата во Рим еволуирала на многу начини. Мноштво странски култови добиле на популарност, како на пример обожувањето на египетската божица [[Изида]] и [[Иран|персискиот]] бог [[Митра]]. Важноста на царскиот култ постојано се зголемувала, достигнувајќи го својот зенит за време на [[Кризи во третиот век|третиот век]]. Исто така, [[христијанство]]то почнало да се шири низ царството, нагло забрзувајќи се во вториот век. И покрај прогонствата, христијанството постојано добивало свои следбеници. За време на [[Константин I]] тоа станува официјална религија. Во [[391]] сите култови освен христијанството биле забранети со закон од царот [[Теодосиј I]]. Меѓутоа, дури и во четвртиот и петтиот век, римското паганство успеало добро да се одржи. [[Римски храм|Храмовите]] биле сѐ уште посетувани често, и така старите верувања и обичаи продолжиле да живеат.
 
* Тренд кон [[монотеизам]]
* Сè поголема популарност на [[оракл]]и
 
=== Царски култ ===
 
:''Главна статија: [[Царски култ (Стар Рим)|Царски култ]]''
Ред 43:
Докази за важноста на царскиот култ се Достигнувањата на боженствениот август (''Res Gestae Divi Augusti'') во Рим напишан на два големи бронзени столба, римски моменти каде царот е прикажан со ореол или [[нимб]] над главата и написи на храмови како "Божествен август цезар, ин божји, император на целата земја и сите мориња..." (натпис на римски храм во [[Мира]], [[Ликија]]).
 
== Религиозни обичаи ==
 
Пред надоаѓањерто на христијанството кај речиси сите култови ''[[ортопракса|ортопраксата]]'' (правење на правилни нешта), била поважна од ''[[ортодоксија]]та'' (правилно верување). Ова било случај и со римската религија. Религиозните обичаи биле составен дел од секојдневниот живот.
 
* Жртвување/гозби
* Годишни свештенства
* Поворки
* Оракли
* Посветени натписи
* [[Римски календар|Календар]]
 
=== Фестивали ===
 
Римскиот религиозен [[Римски календар|календар]] ја рефлектира римската гостопримливост за сите култови од освоените земји. [[Римски фестивали|Римските религиозни фестивали]] познати од старите времиња биле малку по број. Меѓутоа некои од најстарите останале сè до самиот крај на паганството, зачувувајкќи ги спомените од плодноста и обредите на примитивните земјоделци. Меѓутоа биле воведени нови фестивали, за да се одбележи натурализацијата на новите божества. По некое време имало повеќе празници отколку работни денови. Во поважните фестивали се вбројувале [[Сатурналии]]те, [[Луперкалии]]те, [[Еквирии]]те и [[Секуларни игри|Секуларните игри]].
Ред 65:
'''[[Секуларни игри|Секуларните игри]]''', кои се состоеле од атлетски спектакли и жртвувања, се одржувале во нередовни интервали, традиционално еднаш на околу еден век, за да се одбележи почетокот на новиот ''saeculum,'' или „ера“. Тие по правило требале да се одржуваат по смртта на последниот посетител на минатите Секуларни игри, така симболично одбележувајќи ја ерата. Оваа традиција, која често била запоставуваназ, оживеала во спектаклот на [[Октавијан Август]]. Поетот [[Хорациј]] исто така им оддава почит на овие игри во неговите оди.
 
=== Жртвување на луѓе ===
 
Римјаните имале стара традиција за човечки жртвувања. Робови, воени заробеници и други биле закопувани живи за да да се смират маните и мојрите по дизвесни околности. За време на републиката човечкото жртвување станало поретко, но сѐ уште се случувало - обично во времиња на екстремна опасност. По катастрофалниот пораз на битката кај Кана, машки и женски парови од грчки и галски робови биле закопани живи за да ги помират лутите богови. Ова исто така се случило и во 228 и 113 п.н.е.
Ред 84:
[[fr:Religion de la Rome antique]]
[[hi:रोमन धर्म]]
[[hu:Római vallásokvallás]]
[[it:Religione romana]]
[[la:Religio Romana]]