Петар Кропоткин: Разлика помеѓу преработките

[непроверена преработка][непроверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Bgljb (разговор | придонеси)
Bgljb (разговор | придонеси)
с додадов внатрешни врски
Ред 38:
'''1842:''' Петар Кропоткин е роден на 9-ти декември како син на Алексеј Петрович Кропоткин и Екатерина Николаевна Сулима. Алексеј бил релативно богат армиски офицер со благородна линија (Петар всушност бил принц). И покрај армиската дисциплина која ја одржувал дома, кариерата на Алексеј не била претерано успешна. Алексеј ја сретнал Екатерина за време на воен судир во 1831 година. Тие имале четири деца: Николај ( 1834 ), Јелена ( 1835 ), Александар ( 1841 ) и Петар ( 1842 ). Екатерина како ќерка на козачки армиски офицер била уметнички надарена личност која уживала во читање, пишување и сликање. Петар останува близок со Александар и Екатерина во текот на целиот свој живот.
 
'''1846:''' Мајката на Петар умира од [[Туберколоза|туберкулоза]]. Тоа предизвикува децата да се грижат за себеси, наместо нивниот строг татко да го прави тоа. Иако и Петар и Александар биле премногу млади за да се сеќаваат многу на нивната мајка, сепак тие ќе чувствувалечувствуваат голема приврзаност кон неа низ текот на нивните животи.
 
'''1848:''' Таткото на Петар се оженил повторно (по барање од неговиот командант) со Елисавета Марковна Корандино. Елисавета предизвикувала многу немири во куќата на Петар. Таа била агресивна, доминантна жена, која се обидувала да ги избрише сите траги од починатата мајка на Петар. Овие дејствија предизвикале поголемо оддалечување на децата од својот татко.
 
'''1853:''' Николај го напуштил својот дом за да служи во [[Кримска војна|Кримската војна]]. Тој го напуштил Петар токму во оние мигови кога личноста на Петар се оформувала, така што тој немал големо влијание во понатамошниот дел од животот на Петар. Според Петар, тој ја искористил првата можност на која наишол за да го напушти семејството. Тој имал најлоши односи со својот татко, во споредба со другите деца. Дури и откако Николај го добил крстот за храброст на св. Ѓорѓија и бил унапреден во офицер, односите со татко му останале ладни. По војната Николај имал проблем со пиењето алкохол со што бил отстранет од [[Армија|армијата]] и бил преместен во [[манастир]], од каде избегал и повеќе за него не се слушнало.
 
'''1856:''' Александар го напуштил домот за да живее при Московскиот кадетски корпус. Петар и Александар поминале бројни дни заедно од нивниот заеднички живот. Таа празнина предизвикана од отсуството на Александар била пополнета од Николај Павлович Смирнов кој бил тутор по [[Руски јазик|руски]] на Петар. Голем дел од интелектуалниот развој на Петар бил инспириран од Смирнов.
Овој период Петар се запишал во Првата московска гимназија. Тој не бил многу импресиониран од училиштето, чувствувал дека „сите„''сите предмети се предаваат на бесчувствителен начин“начин''“. Дел од проблемот бил и учењето на Петар во група. И покрај сето тоа Петар успеал да добие висока оценка по [[Геометрија]] и со задоволство изучувал [[Историја]] и [[Географија]].
'''1857:''' Во август оваа година Петар се запишува во Corps of Pages. Можеби поради несогласувањата со својот татко Петар отворено се спротивставувал на сите форми на авторитет во корпусот. Петар поради различните интереси тешко се сложувал со своите соученици. Наместо да се претопи во дел од групата, Петар поминувал голем дел од времето читајќи книги, пишувајќи писма и водење на дневник. За сето тоа време Петар многу се зближува со Александар преку писмата кои си ги праќале.
 
'''1858:''' Според забелешките на Петар, тој во ова време станал многу заинтересиран во [[политичка економија]] и [[статистика]]. Тој дури и правел посериозни истражувања на Николскиот панаѓур со цел да развие статистичка анализа на сите продукти кои биле купени и продадени заедно со нивните цени. Додека неговите намери во тој момент биле да развие подобри познавања во статистиката, сепак ова искуство ќе придонесе нешто многу поважно како што бил контактот со селаните.
 
'''1861:''' Ова е периодот кога руското селанство се еманципира. Таа акција влијаела многу декади нанапред врз социо-економските услови на [[Русија]]. Петар силно го подржувал овој потег и чувствувал симпатии кон царот Александар II бидејќи сметал дека тоа е само доказ за тоа дека царот е голем реформатор.
Во истата година Петар научил како е да се изгуби [[Слобода|слободата]]. Корпусот добил нов помошник директор кој ги отстранил сите бенефиции на постарите ученици. Како резултат на учеството во протестите Петар поминал неколку недели во затворот на корпусот. Ова било првото искуство во револуционерно бунтување на Петар.
И покрај судирите со авторитетот, Петар успеал да ја заврши последната година како прв во класот. Поради тоа бил назначен за page de chambre на императорот. Тоа претставувало значаен чекор за кариерата во армијата. Во таа позиција Петар поминувал многу време извршувајќи општествени функции на дворот. Со текот на времето извршувајќи ги тие функции, Петар изгубил многу доверба во царот. Кога направил споредба на дворот со работата и животните услови на селаните што ги видел на Николскиот панаѓур, Петар не можел повеќе да го почитува царот.
 
'''1862:''' Со наближувањето на матурата на Петар, тој започнал да размислува за неговата иднина. Поради неговиот интерес во [[Математика|математиката]], тој сериозно размислувал за да се запише во Артилериската академија. Сепак поради разочарувањето од власта тој одлучил да не се запише таму. Тој се гледал себе си на позиција каде би можел да влијае на општествените услови, а со тоа да им помогне на пониските класи во руското општество.
Едно од местата во Русија каде што би можел тој да влијае, според него било Сибир. Петар наишол на отпор од татко му и од соучениците поради локацијата, но сепак поради херојските подвизи за време на пожар во Apraksin Palace тој конечно успеал да добие служба во [[Сибир]]. Ова ја обележиобележа една цела декада на шетање на Петар. Кога тој пристигна во Сибир, во Октомвриоктомври, Петар се најде под команда на генерал Кукел. Неговите задачи беа токму онакви на какви Петар се надеваше. За Петар, Кукел преставуваше либерал и реформатор кој започнуваше да прави значителни промени во Русија.
Една од првите задачи на Петар во Русија беше да служи како секретар на затворски реформски комитет. На закажани посети на затворот, комитетот беше сведок на бедни услови. Множество на предложени реформи беа испратени до [[Петроград]]. За жал, препораките беа игнорирани во најголем дел. Петар сепак беше длабоко погоден од нечовечноста што тој ја виде во затворите.
Во [[ноември]] [[1862]], Петар беше испратен да ги истражува активностите на униформирано лице со име Маркович. Постоеја претходно извештаи дека Маркович ја злоупотребувал моќта со ограбување и тепање на селаните. Во разговор со селаните под власт на Маркович, Петар собра доволно докази за отстранување на Маркович од неговата позиција. Петар горчливо се разочара од настаните што следуваа после ова отпуштање. Маркович беше во роднинска врска со управителот на [[Иркутск]], Жуковски. Тој ја искористил неговата моќ за да го назначи Маркович на повисока позиција од претходната, во друга провинција. Ова придонесе уште поголемо отрезнување за Петар во однос на власта.
 
'''1863:''' Тоа разочарување стануваше се поголемо при понатамошниот престој во Сибир. Во Февруарифевруари, на Кукел му беше наредено да се пријави во Иркутск од страна на Жуковски. Се покажало дека Кукел бил замешан во бегството на [[Михаил Бакунин]] од Сибир. Згора на тоа обвинение, Жуковски не се согласуваше со симпатичните манири со кои Кукел се однесуваше спрема затворениците. Како резултат на овие обвинувања, Кукел беше отстранет од неговата позиција. За Петар беше разбирливо дека системот им овозможува на луѓе како Маркович и Жуковски да останат на власт, додека таквите како Кукел беа отстранувани од нивните позиции.
Со цел да избега од неговото работно место привремено, Петар волонтираше да работи на товарен брод на реката Амур. Ресурсите кои се наоѓаа на товарниот брод беа суштински за опстанокот на неколку села долж реката Амур. Ова патување му овозможи на Петар да избега од разочарувањата и обврските што тој ги имаше во Сибир. За време на патувањето, неговиот дневник кажува дека бил прилично среќен што бил опкружен со природа. Нажалост, за време на една бура, сите 43 товарни брода беа изгубени.
Додека се враќаше назад имаше прилика да види како навистина живеат луѓето во селата. Тој исто така го забележа и големиот план на власта: прогонетите во Сибир беа ставени на работа и со малку среќа тие би станале одлични работници. Во реалноста овие луѓе беа присилени да живеат како [[Роб|робови]]. Петар сфати дека планот на власта нема никогаш да се оствари.
Поради вредноста на загубените товарни бродови, Петар требаше лично да се појави во Петроград во Ноемвриноември. Тој се надеваше дека ќе ги убеди одговорните лица да ги подобрат бродовите на реката [[Амур]] со цел да се избегнат идните незгоди. Сепак тој не направи речиси никаков напредок со бирократијата на Петроград. И после толку напори, министерот за војна, Милутин, конечно го сфати сериозно Петар. Тој побара од Петар да развие формален извештај за незгодата и за предлогот за подобрени бродови за министерството. Петар ќе дознае многу подоцна дека неговите предлози не беа воопшто имплементирани.
 
'''1864:''' Во Јануаријануари, Петар се врати во Сибир мислејќи дека конечно почнал да напредува. Пред неговото заминување тој беше назначен за одговорен за специјални мисии во Источен Сибир. Тој со себе ја понесе книгата ''За слободата'' од [[Џон Стјуарт Мил]]. Кога пристигна во Иркутск во Февруарифевруари, тој започна да ја критикува власта преку написи во различни публикации. Тој повикуваше на проучување на регионот околу Амур така што владините одлуки нема повеќе да ги повредуваат жителите од тие области. И покрај тоа што овие критики го привлекоа вниманието на многу одговорни лица во Сибир, сепак не се спроведе ниедна дисциплинска мерка над него.
До Мајмај, Петар стана толку незадоволен со својата работа што размислуваше за отказ. Сепак, не знаеше во која област да се насочи ако се откаже. Како што се повлекуваше се повеќе од владините активности, се појави друга можност за него. Му беше понудена можноста за присуство на географско патување во Манџурија. Географијата отсекогаш го интересирала, така што тој радо ја прифати понудата. Тој се подготви за експедицијата така што го прочита целиот материјал достапен за таа област. Дневникот на Петар за јуни и јули (кога беше во [[Манџурија]]) покажува дека уживал во географската работа.
 
'''1865:''' Петар се посвети целосна на географската работа во оваа година. Оваа работа ќе го му донесе слава во географската заедница. Таа исто така му помогна да заборави на маките со кои се соочуваа луѓето од неговата земја.