Хетеросексизам: Разлика помеѓу преработките

[непроверена преработка][непроверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
с Бот менува: кој што -> којшто
Ред 1:
'''Хетеросексизамот''' почна да се користи како термин аналоген на [[сексизам]] или [[расизам]], опишувајќи [[Идеологија|идеолошки]] систем кој штокојшто ја побива, клевети и стигматизира секоја нехетеросексуална форма на однесување, идентитет, врска или заедница (Херек, [[1990]] година). Употребата на зборот ‘хетеросексизам’ ја означува паралелата помеѓу антигеј склоностите и другите форми на [[Предрасуда|предрасуди]], како што се расизмот, [[Антисемитизам|антисемитизмот]] и сексизмот.
 
Како основачкиот расизам и сексизам, хетеросексизмот продира низ [[Општество|општествените]] обичаи и институции. Тој делува низ двојните процеси на невидливост и напад. Хомосексуалноста вообичаено останува културно невидлива; кога луѓето кои се однесуваат хомосексуално или кои се идентификувани како хомосексуалци, стануваат видливи, тие се предмет на напад од општеството.