Јајчник: Разлика помеѓу преработките

[непроверена преработка][непроверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
с Бот Додава: bn:ডিম্বাশয়
с Бот менува: така да -> така што
Ред 8:
Јајчниците варираат во својата големина во текот на животот. Левиот и десниот јајчник кај жената може да бидат со различна големина, а големината на јајчниците е различна и помеѓу жените. Големината на јајчникот видливо се намалува во менопаузата.
Јајчниците се сместени помеѓу надворешните и внатрешните илијакални крвни садови, во вдлабнатината на бочните sидови на карлицата (fossa ovarica), од двете страни на матката.
Јајчниците се формираат во 7-та недела од интраутериниот развој. Во себе содржат одреден број на примордијални (првобитни) јајни клетки (од 300 000 до 400 000) кои се сместени во сврзното ткиво, во стромата на јајчникот. Од сите примордијални јајни клетки остануваат само околу 10%, така дашто за време на пубертетот ги има околу 30 000, што е и нивен конечен број.
Примордијалната јајна клетка (примарен фоликул) е под влијание на фоликулостимулирачкиот хормон (FSH) и лутеинизирачки хормон (LH) од хипофизата. Овие хормони го стимулираат растот на неколку примарни фоликули истовремено, но од петтиот до седмиот ден од циклусот се одбира само еден фоликул, а другите пропаѓаат. Околу 14иот ден од менструалниот циклус, зрелата јајна клетка се ослободува од јајчникот (овулација) за да може да биде оплодена. Јајната клетка, по пукањето на нејзината фоликуларна мембрана, доспева во јајцеводот, од кој со помош ма хорионските ресички се истиснува во шуплината на матката. Зрелиот фоликул се нарекува Графов фоликул. Овој процес трае во текот на фертилниот период на жената, односно од пубертетот до менопаузата.
Покрај оваа функција, јајчникот, исто така има и ендокрина функција. Негова задача е да во текот на целиот живот на жената произведува два специфични хормони (стероидни хормони):естроген и прогестерон. Естрогенот контирнуирано се ствара во текот на целиот живот на жената, а прогестеронот во текот на втората фаза на менструалниот циклус и во текот на бременоста.
Преземено од „https://mk.wikipedia.org/wiki/Јајчник